Со прозоците GENEO, кои се направени од материјал зајакнат со стаклени влакна, експертот за полимери, REHAU, успева да направи спој помеѓу стабилност и одржлива примена на материјалите со оптимална енергетска ефикасност и голема архитектонска слобода. Стручната издавачка куќа за архитектура Callwey го наградува системот GENEO од REHAU како „Производ на годината 2019“.
Високо рангирано жири од експерти во архитектурата и медиумите го награди прозорскиот систем GENEO со доделување на титулата „Производ на годината 2019“ во издавачката куќа “Callwey“, во категоријата прозорци. Во последната деценија REHAU има произведено преку 50.000 километри прозорски профили од висококалитетен материјал зајакнат со стаклени влакна. Оваа година GENEO повторно се воведува на пазарот како подобрен производ RAUFIPRO X, со уште подобри својства. „Софистицираната компетентност за материјали е основа за флексибилни и паметни прозорци, кои се доследни на највискоите барања на дизајн и естетика.“, објаснува Петер Котцур, директор на одделението за маркетинг - прозорски решенија во REHAU. „Наградата го нагласува ова, бидејќи наградените едносемјени и двосемејни иноватнивни куќи од страна на издвачката куќа за архитектура “Callwey“ на германското говорно подрачје важат како мерило за квалитет“
Неограничени можности за архитекти
Во прозорскиот систем GENEO од REHAU направена е комбинација на патентирано јадро на профилот од RAUFIPRO X со оптимална конструкција на профилот и интегриран систем за зајакнување ИВС (IVS) за максимална стабилност, без челично армрање. Со избегнувањето на топлинските мостови GENEO успева да достигне Uf-вредност до 0,79 W/m²K и со тоа ја намалува потрошувачката на енергија до 76 проценти. Со висококвалитетниот материјал RAUFIPRO X, GENEO успева на ново да ги дефинира границите на возможното, во смисла на големина на прозорците. Благодарение на оптималниот материјал со стаклени влакна можат да се конструираат прозорци во бела боја до 2,80 метри висина и до 1,60 метри ширина. До сега овие конструкции за изработуваа исклучиво со алуминуимски профили. Може да зе конструираат и прозорци во боја со висина до 2,70 метри, што е исто така ново мерило во прозорската бранша.
Креативната програма KALEIDO COLOR од REHAU со преку 400 бои, овозможува висока креативна слобода за архитектите. Доколку архитектот испланира комбимација на алуминиумски капак со профилот во KALEIDO WOODEC изведба, ќе добие високо квалитетна оптика на прозорец дрво-алуминиум. KALEIDO WOODEC изгледа и се чувствува како дрво, но истовремено е исклучително долготраен и лесен за одржување.
Функционалноста на GENEO лесно се надградува со интелигенти решенија од REHAU, како што е превентивната заштита од провала Smart Guard или паметниот систем за проветрување INOVENT. Со висококвалитетниот материјал RAUFIPRO, REHAU допринесува за поодржлив начин на градба: остатоци од профили и стари прозорци материјалот зајакнат со стаклени влакна ги зема назад во EcoPuls програмата за рециклирање, со цел квалитетна обработка и повторна примена.
Изложба до крајот на ноември
Сите производи кои се наградени од страна на “Сallwey“ издравачката куќа за архитектура со титулата „Производ на годината 2019“ се изложени во германскиот музеј за архитектура во Франкфурт на Мајна до 24. Ноември.