Заштеда на пари
Заштита на околината
Оптимална клима во просториите
Топлината денес е драгоцена. Добро загреана дневна просторија на пример, веднаш ги зголемува трошоците за топлинска енергија. Главниот виновник: стари модели на прозорци со лоша топлинска изолација.
Со прозорските системи од REHAU, ќе можете да ја контролирате потрошувачката на енергија.
Нашите висококвалитетни прозорски системи SYNEGO и GENEO, со врвни вредности на топлинска изолација, ја одржуваат топлината во домот без оптеретување на Вашиот паричник. На време донесете ја вистинската одлука за REHAU прозорци кои заштедуваат топлинска енергија. На овој начин значително се намалува потрошувачката на енергија и се заштедуваат пари.
Новите REHAU прозорци имаат повеќе од три пати подобра топлинска изолација од вообичаените!
Како препознаваме кои прозорци се енергетски ефикасни?
Koга станува збор за енергетски ефикасни прозорци, во фокусот е U-вредноста на прозорците. U-вредноста е коефициентот на топлинска спроводливост. Тој служи за оценка на топлинската изолација на еден прозорец и ја одредува количината на топлина која протекува низ една површина од 1 m² за еден час. Колку е пониска оваа вредност, толку е поголема топлинската изолација. Во споредба со конвенционалните прозорци со едноставно застаклување со U-вредности од просечно 5,8 W/m²K, нашите прозорци имаат врвни вредности од 0,85 W/m²K.
Стручната монтажа на прозорците е исто така мошне важна. Само ако прозорците одлично дихтуваат, може да се искористи топлинската изолација на профилите и да се заштеди енергија. А со правилно проветрување пак, се избегнуваат штети настанати од од влага и мувла.