RAU-FIPRO X

Нова дефиниција на прозорците – со RAU-FIPRO X

Со RAU-FIPRO REHAU во 2008 година направи револуција на пазарот за прозорци. Принципот на композитни материјали засилени со стаклени влакна – досега познат првенствено кај авто-трките и авионската индустрија – за првпат се користи кај прозорците и ги комбинира најдобрите својства на ПВЦ-то и стаклените влакна во материјал од нов вид сосема нов материјал.


 
700-D087 - 63392


Рецепт за успех

Максимални големини на прозорците со двојно поголема стабилност во однос на прозорците од ПВЦ.

Најдобра енергетска ефикасност со значително помалку термички мостови.

Индивидуални форми, целосно армирани – без додавање на челик до секој агол.


 
RAU-FIPRO X

Со својот удел на стаклени влакна, зголемен за 50 % во крилото, RAU-FIRPO X ги проширува познатите предности за X‑фактор!



X-тра големи

10 % поголеми елементи:

Со RAU-FIPRO X лесно се изведуваат повисоки прозорски елементи со сигурна функција без дополнителни светла:

  • Бели: со висина до 280 cm
  • Неармирани бели: со висина до 230 cm
  • Неармирани во боја: со висина до 220 cm
10% поголеми прозорски елементи


X-тра стабилни

Профилите од RAU-FIPRO X се целосно армирани, без додавање на челик сè до аглите, без дополнително лепење.

Товарот се пренесува во сите насоки.

Зголемената отпорност на температура обезбедува максимална стабилност – од исклучителна важност особено поради зголемениот број на фолирани и обоени профили.

700-D079 - 61881

X-тра силни

Се поддржуваат тежини на крилата до 150 kg - и со тоа е овозможена интеграција на стакло кое има звучна и сигурносна заштита:

  • Прозорците од профилите RAU-FIPRO X ја намалуваат бучавата за до 47 dB.
  • Класата на отпор RC 2 се достигнува без проблеми. Дури и барањата на класата на отпор RC 3 едноставно се реализираат преку соодветните дополнителни мерки.

Самите профили притоа се до 40 % полесни од системите на конкуренцијата. Тоа ја олеснува обработката и монтажата.

 
посебно енергетски ефикасни


X-тра ефикасни

90 % од сите рамки изработени од RAU-FIPRO X доаѓаат без метално армирање. Така се избегнува појава на неповолни термички мостови.

Слободните комори можат да се користат за дополнителни мерки за термичка изолација. А во комбинација со тројно изолирачко стакло се постигнуваат идеални Uw‑вредности до 0,60 W/m2K.

Прозорските профили од RAU-FIPRO X се сертифицирани од страна на институтот за пасивни куќи во Дармштат.


безброј можности за дизајн

X-тра дизајн

Програмата KALEIDO COLOR Ви нуди огромен избор од варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање (KALEIDO PAINT) или фолирање (KALEIDO FOIL). Резултат: преку 400 можности за дизајн.

KALEIDO COVER

Идеална алуминиумска оптика

Со алуминиумскиот поклопец KALEIDO COVER, прозорците добиваат висококвалитетната алуминиумска оптика – благодарение на универзалниот профил обоен во антрацит, дури и при отворањето.

KALEIDO WOODEC

Природен изглед со KALEIDO WOODEC

Следното ниво на оптика и ‑изглед на дрвото: Мат површините не се само убави за гледање, туку исто така и даваат чувство на реално дрво.

 
700-D084_ECOPULS - 67413

Активна одржливост

Старите прозорци стануваат нови, иновативни и одржливи прозорски системи – со ист квалитет во споредба REHAU прозорците со REHAU прозорците изработени од свеж материјал. Материјалот се собира, се распределува, чисти и Материјалот се собира, се распределува, чисти и се рециклира во внатрешното јадро на новите прозорски профили.

Со тоа уште денес постигнуваме заштеда на CO2‑ до 97.000 тони годишно.


Силен тим: Прозорски систем GENEO и RAU-FIPRO X  

Успехот RAU-FIPRO е тесно поврзан со нашиот прозорски систем GENEO. Логична последица: GENEO е првиот REHAU систем што е достапен со RAU-FIPRO X.

Најважните вредности со еден поглед:

700-D082_numbers_MK1 - 71579
 

Ние сме тука за Вас!

Дојдено е време за прозорци што се исто толку модерни како и нашиот живот. Со нетрпение очекуваме да разговараме со вас!

Барање за контакт

 

Downloads

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection