ARTEVO
Фикцијата станува реалност !
Револиционерен нов премиум систем на прозорски профили, кој поставува нови стандарди на полето на дизајн, големини, продуктивност и одржливост.
Регистрирајте се овде, за да бидете постојано информирани за ARTEVO.
Одеднаш стануваш визионер во прозорската бранша.
ARTEVO – Фикцијата станува реалност.
Почеток на нова ера: ARTEVO обединува многубројни исклучителни карактеристики во револуционерно решение за професионалци за прозорци.
ARTEVO e:
- Визионерски
- Единствен
- Иновативен
- Продуктивен
- Одржлив
Бидете информирани и инспирирани и станете визонер во браншата на прозорците !
Висококвалитетна оптика
Во својата верзија која се порамнува со површината, ARTEVO постигнува уреден и едноставен дизајн со изглед на алуминиум.
Прозорци со совршен дизајн
Јасните и аголни контури обезбедуваат естетика на највисоко ниво. Посебно
тесните профили отвораат нови архитектонски можности со влез на максимална природна светлина.
Со оптимизираната употреба на материјалот со високи перформанси RAU-FIPRO X, ARTEVO во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците. Интергрирањето на компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна, обезбедува апсолутно рамномерна и сигурна распределба на оптеретувањето низ цел напречен пресек на профилот. Зоните на сила на надворешните ѕидови даваат дополнителна стабилност, крутост на торзија и стабилност на различни временски услови.
Дури и прозорските елементи, со висина до плафон, со висина на крилото до 2,80 m се функционално сигурни.
До висина од 2,45 m не мора да се користат челични засилувања.
Награден со ознаката EcoPuls, ARTEVO се залага за кружната економија на REHAU и за јасна посветеност на одржливоста. Со содржина на рециклиран материјал во јадрото на профилот, системот дава активен придонес за поодржлива иднина.
На крајот на долгиот животен циклус, ARTEVO повторно станува извор на суровини за нови прозорци. Дури и фолијата REHAU LowE може, без никаков проблем, да биде внесена во процесот на рециклирање, бидејќи не се користат изолациски пени.
Дури и за времето додека се користат, ARTEVO прозорците убедуваат со својата одржливост. 90% од сите елементи на ARTEVO доаѓаат без
челично засилување, па така не постои можност за појава на неповолни топлински мостови. Така се постигнуваат Uf- вредности до 0,98 W/(m2K)
ARTEVO max нуди енергетска ефикасност до совршенство – варијанта на профилот со дополнителна, иновативна технологија на профилот REHAU LowE. Со користење на фолијата LowE во рамката и крилото на прозорецот, ARTEVO постигнува Uf вредности до 0,82 W/(m²K), стандард за пасивни куќи според Dr. Feist.
Паметната стратегија на платформата од 80 mm масовно ја намалува сложеноста и создава незамислива слобода:
Универзални челични зајакнувања кои ја олеснуваа обработката.
Одеднаш црпиш од полнoто.
ARTEVO - Фикцијата станува реалност.
Сите компоненти на ARTEVO се дизајнирани за апсолутно ефикасно и продуктивно производство:
Ова ја намалува работата, времето и трошоците.
Регистрирај се овде, за да останеш информиран. Со ARTEVO постани визионер со прозроската бранша.
Благодариме за вашето барање за контакт. Ќе ве контактираме што е можно поскоро.
Извинете, се појави грешка. Ве молиме проверетe ги задолжителните полиња или обидете се подоцна повторно.
An error occured, please try again later. (Form was not sent!)
Engineering progress
Enhancing lives
Maximum cart size of 3 items has been reached!