Размислувајте во нови димензии
GENEO RAU FIPRO X: Прозорски систем за поголеми елементи, поголема сигурност и комфор.
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Со RAU-FIPRO, REHAU во 2008 година направи револуција на пазарот за прозорци. Принципот на композитни материјали засилени со стаклени влакна, досега првенствено познат во светот на авто-трки и авионската индустрија, за првпат се користи кај прозорците. RAU-FIPRO ги комбинира најдобрите својства на вештачките материјали и стаклените влакна во материјал од нов вид. Самите профили притоа се до 40 % полесни од конкурентските системи. Тоа ги олеснува обработката и монтажата.
Максимални големини на прозорците
до 50% поголема стабилност споредено со прозорците од чист ПВЦ.
Најдобра енергетска ефикасност
со значително помалку термални мостови.
Индивидуални форми
, целосно армирани сè до аглите – и тоа без челик.
Досега се сменети многу нешта во светот: од новите архитектонски стилови, преку индивидуални барања за дизајн и функциите на прозорците, па сè до желбата за поголема одржливост.
Но, REHAU не би бил REHAU ако постојано не работиме на осмислување на прозорци коишто се модерни како и вашиот живот.
За нашиот најнов високоефикасен материјал RAU-FIPRO X, ја зголемивме содржината на стаклени влакна за 50%.
Новата генерација го додава X факторот на добро познатите предности и ги комбинира исклучиво во системот на профили GENEO RAU-FIPRO X.
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Благодарение на поголемата содржина на стаклени влакна, може со целосна функционалност да се реализираат прозорски елементи со големина на крилата до 2,80 m. Отворете нови архитектонски можности со максимална природна светлина. Особено тенките профили дополнително ги зголемуваат прозорските површини.
Економски најдобро решение за дизајн
GENEO RAU-FIPRO X овозможува големини на прозорци коишто претходно биле можни со алуминумот. Со поклопецот пак, прозорците добиваат висококвалитетен алуминиумски изглед. Покрај поклопецот, достапни се декори од благородни метали, како и лакиран изглед за структурирани и сјајни површини.
Извонредна топлинска изолација
90 % од сите рамки изработени од GENEO RAU-FIPRO X доаѓаат без метално армирање, така што неповолните термални мостови воопшто ги нема. Во комбинација со тројното стакло пак, се постигнуваат Uw-вредности за пример до 0,60 W/m2K и со тоа се заштедува енергија* дури и до 76%“. Големите стаклени површини дополнително го помагаат влезот на сончевата светлина.
Врвна заштита од бучава
Бучавата знае да му наштети на вашето здравје дури и кога не сте свесни за неа. Прозорците направени од GENEO RAU-FIPRO X го подобруваат квалитетот на живот бидејќи ја намалуваат бучавата за до 48 децибели. Тоа е еднакво на 26-кратно намалување на бучавата.
* Намалување на губитокот на енергија на прозорецот при промена на старите прозорци од дрво/пластика од 1980-тите години (Uf = 1,9; Ug = 3,0) со прозорци од профилите GENEO RAU-FIPRO X (Uf = 0,86; Ug = 0,5), големина на прозорец 123 x 148 cm
Прозорските профили од RAU-FIPRO X се сертифицирани од страна на Институтот за пасивни куќи во Дармштат (Passivhaus Institut). Градежните компоненти со овој печат за квалитет по правило се два до четири пати поефикасни од најчесто користените производи.
Благодарение на тенкиот изглед, за повеќе светлина во зградите, и најдобрите вредности за топлинска изолација, профилите без проблеми ги исполнуваат и најстрогите барања за швајцарскиот сертификат Minergie P.
Безбедност до класа на отпорност RC 3
Прозорците од GENEO RAU-FIPRO X без проблем ги исполнуваат условите за класата на отпорност RC 2. Преку соодветни дополнителни мерки едноставно се реализира и класата на отпорност RC 3. Прозорците со класа на отпорност RC 1 покажуваат помала заштита од насилно влегување и поради тоа може да се пробијат за релативно кратко време. Кај повисоките класи на отпор потребно е значително повеќе време, а пред сѐ се потребни и тешки алатки.
Лесно ракување
Малата тежина на профилите од RAU-FIPRO X го олеснува ракувањето и во случај кога крилата се поголеми и потешки. Па така, новата геометрија на заптивањето го намалува притисокот при затворање и помага отворањето и затворањето да бидат исклучително лесни.
Програмата KALEIDO COLOR содржи огромен избор од варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање или ламинирање на фолијата. Со алуминиумскиот поклопец, прозорците добиваат висококвалитетната алуминиумска оптика. Резултатот е - повеќе од 400 можности за дизајн. Се разбира, притоа може да комбинирате различни изгледи внатре и надвор.
KALEIDO FOIL
Докажана стандардна постапка со двослојна ПВЦ-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од избледување и други влијанија од околината.
KALEIDO WOODEC
Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување. На овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од пластика од прозорците од дрво.
KALEIDO PAINT
Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Текстурирани бои за специјални ефекти.
KALEIDO COVER
Совршениот изглед на алуминиум: Соодветните алуминиумски фасадни ѕидови го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од пластика на REHAU.
Како активна компанија ширум светот, REHAU има посебна одговорност кон луѓето и животната средина. На овој начин, ние постојано ја оптимизираме нашата употреба на ресурси, како и енергетска ефикасност во нашите фабрики и производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката за производ EcoPuls веќе денес содржат содржина на рециклат од 40 % до 75 % и се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.
Наша средина, наша одговорност
Како компанија што произведува ширум светот, REHAU има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа се подразбира дека ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики и нашите производи. До 2020 година, REHAU ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во постројките за рециклирање во сопственост на компанијата, како и во надворешни постројки за рециклирање, со цел одржлива заштита на ресурсите.
Технички податоци
GENEO прозорци, балконски врати и врати од тераси
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 107 mm до 179 mm |
Длабочина на вградување: | 86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,84 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,80 W/(m²K) |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 48 dB |
Заштита од провалување (EN 1627): | до класа RC 3 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Сила за отварање (EN 13115): | Класа 2 |
Подигачко-лизгачки врати GENEO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 175 mm |
Длабочина на вградување на рам/крило: | 203 mm/86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 43 dB |
Заштита од провалување (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B3 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Влезни врати GENEO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 169 mm |
Длабочина на вградување: | 86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,75 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,54 W/(m²K) |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
Заштита од провалување (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 3 |
Engineering progress
Enhancing lives
Maximum cart size of 3 items has been reached!