REHAU дивизијата за прозорски решенија е еден од добитниците нан наградата „German Brand Award 2021“, изјави жирито на овој познат натпревар во Берлин. REHAU дивизијата за прозорски решенија ја доби оваа награда за проектот „REHAU дигитален саем“ во категоријата „Брендирани настани, саеми и изложби“.
Под насловот „Виртуелно искуство на саем. Нова идеја. Нова реализација“ REHAU дивизијата за прозорски решенија го пријави својот проект „REHAU дигитален саем“ за една од престижните награди на „German Brand Award 2021“ (GBA). Жирито во Берлин, во рамките на овогодинешното доделување на наградите, соопшти дека REHAU е еден од победниците.
REHAU дивизијата за прозорски решенија е победник на „German Brand Award 2021“ (GBA). Глобалниот директор за маркетинг, Петер Котцур, и неговиот тим, уверливо го презентираа „REHAU дигиталниот саем“ и неговиот концепт, пред членовите на жирито за категоријата „Брендирани настани, саеми и изложби“ во рамките на напреварувањето „Исклучителност во стратегија, создавање на бренд, комуницирање на бренд“, како модуларна алатка за доживување на брендот. „Оваа награда е одлична потврда за нашето работење и таа ја зајакнува REHAU дивизијата за прозорски решенија, во нејзиниот пристап за доследна работа на процесите на дигитализација, а со тоа и еден од суштинските фактори за успех во нашата бранша – одржлив успешен однос со купувачите.“, изјави Петер Котцур.
„REHAU дигиталниот саем“ создава простор за нов вид на деловно работење и деловни односи помеѓу продажното одделение и купувачите. Така настануваат реали искуства со брендот во „новото нормално“ опкружување – независно од времето и местото. Брендот и купувачот меѓусебно и понатаму се развиваат и комуницираат во обете насоки. Целта е долгорочна, успешна соработка на темелите на индивидуална интеракција“, додава Котцур.
Сето тоа успеа ди го убеди жирито на напреварот „German Brand Award 2021“ (GBA) и доведе до успех на проектот „REHAU digitalni sajam“.