Rendering-Fensterbau-Frontale-2020-III - 105348

“НАПРАВИ РАЗЛИКА, РАЗВИВАЈ ГО БИЗНИСОТ”

Поглед во иновациите на REHAU во 2020

08.05.2020

Заради новонастанатата криза која ја одбележува 2020 година ширум целиот свет, како и одложување на учеството на саемот за прозорски решенија во Нирнберг, Германија, REHAU наоѓа начин како да ги претстави своите иновации во делот на прозорските решенија за 2020 година. Направен е виртуелен саем, на кој посетителите ќе имаат можност самостојно да ги погледнат содржините на саемот или пак да добијат и дополнителни објаснувања на заедничка тура со лице од REHAU Скопје продажно одделение, кое ќе даде детални информации и ќе одговори на сите прашања.


Револуционерни иновации

Во согласност со слоганот “Направи разлика, развивај го бизнисот”, REHAU создаде револуционерни иновации во рамките, а и надвор од дивизијата за прозорски решенија, кои обезбедуваат додадена вредност и корист за своите купувачи и партнери. Во рамките на иновациите REHAU дава одговори на многу предизвици кои влијаат на индустријата, како што се: паметна технологија, постојано вложување во потребни вештини и дигитализација. Освен тоа REHAU ја проширува својата палета на производи со паметни решенија кои ги надминуваат прозорските системи и профили и со тоа цврсто се етаблира како добавувач на комплетни решенија. “Ние даваме огромна вредност бидејќи нудиме многу повеќе од само производни компоненти. Имаме совршено компатибилни комплетни системи сите од едно место, што значи дека нашите купувачи не мора за се грижат за местата на набавка”, изјавува Карстен Хоиер, директор на дивизијата за прозорски решенија во REHAU и член на управниот одбор. “Оваа филозофија се простира на се што работиме, од производи, услуги, па се до нашата одржливост.” Добар пример за овој пристап се новиот SYNEGO SLIDE, систем кој претставува иновативно решение за производство на лизгачки елементи, а сега пак нуди и дополнително безбедносно решение балагодарение на новата генерација REHAU Smart Guard”. “Едноставните прозори ги поврзуваме со паметни додатоци, паметни решенија, дигитални сервиси и одржливи материјали и на тој начин заедно со нашите партнери создаваме додадена вредност, што за возврат им овозможува да влезат во нови полиња на бизнисот,” нагласува Карстен Хоиер.


Софистицирани системи и додатоци

REHAU на своите купувачи им дава сигурни, тестирани и проверени системи со вклучени продажни појаснувања и аргументи. Одличен пример за софистицирани решенија се GENEO систем на профили направени од материјалот RAU-FIPRO X, со чија помош сега има можност да се реализираат исклучително големи прозорски елементи, не загрозувајќи ја притоа енергетската ефикасност и не доведовајќи ги во опасност од деформација. Друг пример е SYNEGO, систем на профили кој сега е збогатен со економичниот систем за лизгачки елементи под името SYNEGO SLIDE”. REHAU секогаш се стреми да понуди целосни системски решенија. Како резултат на тоа, компанијата својата палета на производи ја проширува со низа на прилагодени дополнителни системи како што се: оградата за француски балкони SKYFORCE, нови прозорски рачки LINEA како и паметно прилагодливи решенија за лизгачки и елементи на склопување.


Паметни решенија

REHAU користи врвна паметна технологија со цел да помогне на своите купувачи да достигнат нов раст на пазарот, проширувајќи сет на функции кои ги имаат прозорците и овозможувајќи нови продажни аргументи, кои навистина ќе ги издвојат од конкуренцијата. „Ние имаме софистицирани, веднаш достапни и применливи решенија, кои на нашите купувачи ќе им овозможат полесен влез на пазарот на паметни куќи, почнувајќи од самостојни решенија па се до нивна интеграција во комплетни системи“, изјави Карстен Хоиер. Покрај надградениот REHAU Smart Guard, ова опфаќа и интелигентни решенија за проветрување, како и решенија за приватност и безбедност (REHAU Privacy и REHAU Shading). Конструиран во многу покомпактен облик и преполн со нови функции, новиот Smart Guard 2 сега е достапен за сите прозорски системи и сите начини на отварање.


Иновации во процесот на монтажа

REHAU во иста мера се занимава и со процесот на дигитализација, пружајќи на своите купувачи нови услуги кои можат да ги помогнат и оптимирзираат нивните процеси. Овој процес започнува со привлекување на нови клиенти, планирање и вградување, па се до сервис по продажбата. REHAU Connect, Just Smart и Window ID се нашите три издвоени производи во овој домен. „Како пионери и иновароти користиме REHAU Just Smart заради откривање на потполно нов начин на вградување на прозорци и врати кој ќе го надмине растечкиот недостаток на стручни лица за монтажа, а со тоа и подобрување на стандардите за квалитет при вградување на прозорите“, објаснува Карстен Хоиер. На овој начин на нашите партнери им овозможуваме да заштедат на персонал во текот на монтажата, што ќе им ослободи време за додатни нарачки и ќе овозможи уште една јасна конкурентска предност.


Пример за оптимално користење на ресурсите

Одговорното однесување кон луѓето и планетата е работа која станува се поважна и позначајна. Во рамките на дивизијата прозорски решенија REHAU ги воспостави своите процеси во производството и набавките, да бидат одржливи, и е предводник на овој пристап во својот сектор. Тој успех не доаѓа туку така: REHAU ги собира остатоците од исечените профили уште од 1988 година, и ги враќа во производството. Последните години количината на профилите кои содржат рециклиран материјал е порасната од 25% на 40% од 2014. година, а се очекува таа бројка во следните години да достигне и до 50%. „Нашата затворена кружна економија значи дека на своите купувачи им даваме аргументи да ја вклучат оваа важна тема во нивните основни работни активности и дискусии во продажбата“, нагласува Карстен Хоиер.


REHAU ја исполнува својата одговорност кон луѓето и животната средина, нудејќи одржливи прозорски системи кои имаат интегриран рециклиран материјал така што во нив може да уживаат генерациите кои доаѓаат. Одржливите прозорски профили кои се продаваат со новата ознака REHAU EcoPuls заштедуваат големи количини на CO2 во текот на производството во споредба со традиционалните, бидејќи рециклираните материјали генерираат 88% помала емисија на CO2. Тоа овозможува заштеда на 97.000 тона CO2 годишно и одговара на заштеда која би можела да ја постигне шума од околу 7.800.000 стебла.


Ексклузивна информација

REHAU наскоро ќе го лансира својот дигитален саем на линкот https://www.rehau.com/sites-mk/fensterbau-2020 со цел да овозможи на своите клиенти и сите заинтересирани детално да ги запознаат иновациите за 2020. Посетителите на дигиталниот саем ќе имаат можност самостојно да ги погледнат содржините на саемот или пак да добијат и дополнителни објаснувања на заедничка тура со лице од REHAU Скопје продажно одделение, кое ќе даде детални информации и ќе одговори на сите прашања.

Платформата постојано ќе биде дополнувана и ажурирана.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection