Заштита од пад СКАЈ ФОРС

SKYFORCE – стилизиран, безбеден и безгрижен

Ништо не придонесува така за модерните архитектонски стилови, како стаклените фасади со огромни површини со прозорци од под до таван. Меѓутоа, законски пропишаните системи за заштита од пад често имаат трајно негативно влијание врз севкупниот визуелен изглед. Добра вест: со SKYFORCE постои решение.

Стилизиран изглед, најдобар поглед

SKYFORCE е заштитна ограда од пад за највисоки дизајнерски барања: Сите видливи делови може да се усогласат со индивидуалната боја на прозорецот. На тој начин SKYFORCE совршено и ненаметливо се вклопува, во јасните линии на модерните фасади. Изведбата од стакло, исто така, обезбедува најдобар поглед кон надвор во секое време.

Сертифицирана безбедност

Со SKYFORCE, вложувате во сертифицирано системско решение. Тоа значи: Сите компоненти се совршено се координирани едни со други и може да се поврзат со Вашите прозорци од REHAU со отпорност на оптоварувањето.

Изведба без грижи

SKYFORCE ќе го добиете ексклузивно кај специјализираниот партнер на REHAU. Со принципот „сè од еден извор“ се елиминира потребата од дополнителна координација, која одзема многу време. Доцнењата во градежништвото ефикасно се спречуваат и заштитната ограда од пад,  се изведува професионално и прецизно.

Совршена интеграција

Компонентите се елоксирани во алуминиум, достапни се во антрацит (RAL 7019) и сообраќајно бела (RAL 9016). Индивидуалното прилагодување на бојата на прозорецот, е можно со премачкување во прав. Заедно со скриениот систем за прицврстување, се добива постојано стилизиран изглед.

Флексибилно применливо

Заштитата од пад SKYFORCE е компатибилна со прозорските системи од REHAU Euro-Design 70, Brillant-Design, SYNEGO и GENEO.

Брзо и бесплатно до понудата за Вашите прозорци

Преку нашите формулари за контакт, Вашето барање ќе биде испратено директно до вистинското лице за контакт, кое веднаш ќе стапи во контакт со Вас.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection