Целосна приватност со притискање на само едно копче
Smart privacy oд REHAU: Заштитете го своето најинтимно скривалиште од љубопитни погледи. За чувство на слобода и сигурност во Вашиот дом.
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Домот станува место за благосостојба, само кога не се чувствуваме вознемирено и можеме да се релаксираме. Туѓите погледи – без оглед дали се од пешаци или љубопитни соседи – може да го попречат ова чувство на безбедност и слобода и предизвикуваат непријатност. REHAU има решение за Вас!
Цените на земјишта и недвижности продолжуваат да растат, поради големата побарувачка. Како резултат на тоа, градежниците на недвижнини сè повеќе планираат повеќе единици на помали површини. Просторот за живеење сè повеќе се згуснува. Како резултат на тоа, приватноста станува сè поважна, особено во густо населените региони.
Со Smart Privacy од REHAU, прозорските стакла може да ги трансформирате од проѕирни во непроѕирни и обратно. Во проѕирна состојба можете да гледате низ стаклото однадвор и одвнатре, како и обично. Во непроѕирна состојба, стаклото е млечно и со тоа е непроѕирно. Во рок од неколку милисекунди може да ја поставите саканата дискреција и во исто време да ја пуштите дневната светлина во просторијата за да добиете пријатна и убава атмосфера.
Како во проѕирна така и во непроѕирна состојба, прозорците со Smart privacy од REHAU се уверливи со нивниот едноставен изглед, бидејќи завесите и плисираните ролетни веќе не се потребни. Вашите прозорци сами ја обезбедуваат саканата заштита на приватноста, без потреба од дополнителна опрема во просторијата. На овој начин, не мора да се разбиваат минималистичките стилови на опремување – за јасен изглед и естетика на просторијата без компромиси.
Модерната архитектура напредува, кон големи стаклени површини и простории преплавени со светлина. Благодарение на Smar pirvacy од REHAU, не мора да се откажете од нив, дури и ако сакате поголема приватност. Уживајте во погледот нанадвор кога и да посакате. И користете ја функцијата за приватност штом посакате да се повлечете.
Лесно ракување со копче
За различните варијанти на системот, потребен е едноставен преклопник или двоен преклопник за работа. Зависно од потребата, можни се различни конфигурации на копчето и прозорецот со Smart privacy, кое треба да се контролира: Може да контролирате само еден прозорец со едно копче или повеќе прозорци.
Наскоро достапно: Интеграција во постоечки системи на паметни куќи
Прозорците со Smart privacy може лесно да се интегрираат во постоечките системи за паметен дом преку стандардни интерфејси. Така ќе може лесно да ги контролирате Вашите поставки за приватност преку апликација, за уште поудобна работа. Moжни се и поставки за автоматска работа на Smart privacy – на пример автоматска визуелна заштита кога ќе се стемни. Тоа може да се реализира со користење на системи од трети страни како што е KNX.
Повеќе време за опуштање
Во споредба со класичните завеси, иновативното решение за приватност е апсолутно хигиенско и, за разлика од завесите или ролетните, не бара дополнителен напор за чистење. Прозорците ги чистите како и обично, а потоа можете да седнете и да се опуштите.
Штити и од бучава
Застаклувањето со Smart privacy ги претвора Вашите прозорци во прозорци со звучна изолација од класа 4 – без специјално застаклување со звучна изолација. Таа го намалува звукот до 42 dB. На тој начин, звучната изолација е за 10 dB поголема отколку кај стандарден прозорец. При намалување на амбиенталните шумови од 10 dB, за половина се намалува изложеноста на бучава што ја перципира човекот, што прави клучна разлика во перцепцијата.
Намален отсјај
Сјајот и рефлексиите од светлината особено пречат на работно место со компјутер во домашната канцеларија или во канцеларијата. Прозорците со Smart privacy ја распрскуваат влезната сончева светлина и го намалуваат ефектот на отсјај - со ист продор на светлината.
* Прозорци со стандардно застаклување (Rw = 32 dB)
Непроѕирност
Ако нема електричен напон, стаклото изгледа непроѕирно, но пропушта светлина (транслуцентно).
Проѕирност
Ако се примени електричен напон на променливото композитно стакло, тоа се префрла на проѕирно.
Под напон, застаклувањето со Smart privacy има потрошувачка од 3,6 W/m2. Ова приближно одговара на потрошувачката на стандардна ЛЕД-светилка. Во рок од неколку милисекунди, состојбата се претвора од проѕирна во непроѕирна.
Контролата на поединечните сегменти, интерфејсите со другите системи и компоненти, како и напојувањето со струја се одвиваат преку контролер за прозорци и главен контролер.
1. Контролер за прозорци
Контролерот за прозорци е компактна контролна единица за префрлување на поединечните сегменти на прозорецот со Smart privacy. Тој се вметнува незабележително во прозорското крило. Контролерот на прозорецот е поврзан со главниот контролер, преку кабелски премин од прозорското крило до прозорската рамка.
2. Главен контролер
Главниот контролер се поставува надвор од прозорецот. Го содржи напојувањето и ги обезбедува соодветните интерфејси за работните елементи или автоматизацијата на зградите. Со главниот контролер може да се контролираат до четири прозорци со Smart privacy. Во случај на новоградба, главниот контролер е вграден како DIN-шински елемент во разводниот орман во инсталациските и техничките простории. Во случај на реновирање, се користи прикриено решение во под малтерот во самата просторија.
За варијантата на системот за Smart privacy One не е потребен контролер за прозорци.
Уживајте во дискреција со иновативна техника. Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Engineering progress
Enhancing lives
Maximum cart size of 3 items has been reached!