EкоПулс (EcoPuls): Одржлив успех. Со генерации
Иновативни прозорци за современиот живот
Успешните компании, успешно ја превземаат и одговорноста кон околината, кон човекот и кон генерациите, кои доаѓаат.
Суровините и природните ресурси постојано се намалуваат. Така, посојано се зголемува и потребата од одржливо размислување и делување. Тоа го чувствуваат луѓето низ целиот свет. Така се менуваат и нивните потреби. А со тоа и барањата на целата прозорска индустрија.
Едноставен одговор на тие барања е консеквентна кружна економија. Прозорските решенија, кои имаат растечки удел на рециклиран материјал во нив, даваат одлучувачки придонес за одржлив развој на ПВЦ индустријата за прозорци.
REHAU со своите прозорски профили, повеќе од 30 години, ги дефинираа стандардите за трајност, енергетска ефикасност и одговорно искористување на ресурсите. Врвниот квалитет на прозорците има важен придонес за заштита на земјата и на економијата.
Така, нашите прозорци постојат за повеќе генерации и значително придонесуваат за заштита на нашата планета.
Иновативни прозорци за современиот живот
Нашиот знак за одржливост на дело
Ознаката на прозорците EcoPuls е нашето сознание и став за одржливост, одговорност, консеквентност. Оваа ознака ја носат прозорците кои се произведени на одржлив начин, со користење на рециклирани материјали – рециклати. Денес можеме да нагласиме дека, сите наши системи можат да да ја носат ознаката за одржливост: GENEO RAU-FIPRO X, GENEO INOVENT, SYNEGO, BRILLANT-DESIGN и EURO-DESIGN.
EcoPuls. Одржлив успех. За идните генерации.
Нашето ветување за генерациите – ваша гаранција за одржлив успех.
Ветувањата се исполнуваат со дела. Одржливоста и кружната економија се суштински дел на REHAU. Бројките јасно ја прикажуваат нашата консеквентна работа:
40 %
Од нашите профили веќе денес се произведуваат од рециклирани материјали. Уделот на рециклат варира помеѓу 40% и 75% и треба уште повеќе да се зголемува.
97.000 t
Емисија на CO₂ се заштедува на годишно ниво, со користење на рециклат. Тоа одговара на 7,8 милиони стебла на дрва, шума поголема од градот Берлин на пример.
70.000 t
Отпад се преработува годишно од страна на REHAU. Тоа одговара на 7 пати поголема тежина на Ајфеловата кула во Париз.
7 x
ПВЦто може да се искористи повторно. Нашите, одржливи EcoPuls прозорци, воедно претставуваат извор на суровини, за идни прозорци и тоа без променет квалитет.
88 %
Помалку CO₂ настанува со производство на рециклирана пластика во однос на производство на нов материјал.
100 %
Од нашите потреби за рециклиран материјал ги покриваме од нашето сопствено производство. На тој начин обезбедуваме совршен квалитет.
Кружна економија. За одржлив успех.
Посветеноста и доследното спроведување на кружната економија, е водечки принцип на сите одговорни и одржливо успешни решенија за прозорци.
Постојаната оптимизација и понатамошниот развој е наша обврска и мотивација.
Ова ја гарантира супериорноста на REHAU профилите.
Производи
REHAU EcoPuls прозорските системи, во поглед на кружната економија, се единствени во прозорската индустрија. Резултат: заштеда на CO₂ до 97.000 t годишно. Прозорците EcoPuls се истакнуват по својата одржливост и во фазата на користење. Извонредните Uw вредности , овозможуваат топлинска изолација и заштеда на енергија до 76%*.
Производство
Сите четири европски фабрики на REHAU, за производство на профили за прозорци, се сертифицирани со независната ознака ВинилПлус (VinylPlus). Тоа значи дека ги исполнуваат сите критериуми за одржливост, кои се бараат од ПВЦ индустријата: почнувајќи од набавка на суровините и кружење на материјалот, па се до повторно искористување. Ние сме еден од ретките производители на профили за прозорци, кои ги исполнуваат овие стандарди во цела Европа.
Собирање
Милиони стари ПВЦ прозорци, се драгоцен ресурс за нови прозорци. За да се обезбеди успешна обработка на отпадниот материјал, создадена е мрежа со речиси 2.000 партнери ширум Европа, преку која го собираме отпадниот материјал. Тоа се вбројуваат полската фабрика Шрем, со сопствена, најсовремена постројка за рецилирање, како и подружницита ПВЦР (PVCR) во Англија и ДЕКУРА (DEKURA) во Германија.
Екструзија
Постапката на екструзија,единствена од таков вид, во REHAU, овозможува производство на профили за прозорци, чија внатрешност се состои од рециклиран материјал. Повеќе од 40% до REHAU профилите, веќе денес, имаат удел на рециклат од 40% до 75%.
Рециклирање
Старите прозорци се раздвојуваат на различни материјали и потоа се рециклираат, на пример, стакло и метал. Важен за нас е уделот на ПВЦ, кој го има во старите прозорски профили. Тој се преработува во висококвалитетен рециклиран гранулат. Притоа се достигнува заштеда на емисија на на CO₂ до 88% во однос на ново производство на ПВЦ.
* Намалување на енергетските загуби кај прозорците, при промена на старите прозорци од дрво/пластика од осумдесетите години (Uf = 1,9; Ug = 3,0) со прозорци од GENEO RAU-FIPRO X прозорски профили (Uf = 0,86; Ug = 0,5), за големина на прозор 123 x 148 cm
REHAU игра важна улога во здружувањето на индустријата
Одржливоста е верување, сеопфатен принцип на размислување и начин на работа. Само компаниите кои целосно го прифатиле тој принцип, ќе можат да понудат одржливи и успешни решенија на долг рок. И тоа го поттикнува понатамошниот развој на целата индустрија.
Пример за тоа е воведувањето на ВинилПлус (VinylPlus) ознаката, на која доброволно се согласи, целата ПВЦ индустрија ширум Европа. Со неа е предвидено до 2025 година да се достигне количина на рециклиран ПВЦ материјал од 900.000 t годишно. REHAU, со своите 70.000 t годишно, има значителен одел во тоа.
Ние превземеме целосно одговорност
Самодовербата и волјата да се биде креативен, се дел од сликата на REHAU за себе. REHAU секогаш настојува суровините да ги користи штедливо и ефикасно. Тоа носи еконовичност и профитабилност со генерации.
Како член на „UN Global Compact“, кој стои зад „Цели за одржлив развој“ (Sustainable Development Goals) на Обединетите Нации, REHAU има важен удел за остварување на тие цели.
За својот извонреден ангажман REHAU има освоено неколку меѓународни награди. Така, во 2020 година станавме еден од „50 лидери за одржливост и климатска заштита“ (50 Sustainable & Climate Leaders), иницијатива која е ориентирана кон целите на обединетите нации за одржлив развој. Овие признанија за нас претставуваат мотивација да ги продолжиме нашите активности во поглед на одржливоста.