Создавање оази на светлина – Повеќе природна светлина благодарение на големи прозорци
Што може да биде поубаво од удобно седење на софата во зима и уживање во непречениот поглед на сопствената градина? За сопствениците на домови со големи прозорци ова е реалноста.
Големите стаклени површини се модерни. Причина: Големите прозорци градбите добиваат поубав изглед, куќите да изгледаат поголеми и, пред сè, попривлечни. Но, панорамските прозорци не само што изгледаат одлично однадвор, туку внесуваат и многу природна дневна светлина во просторот за живеење. Без разлика дали е во дневната или спалната соба, во кујната или во работната соба – со осветленоста гарантирано ќе се подобри расположението во семејниот дом.
Токму големите лизгачки прозорци и другите елементи во висина од подот до таванот отвораат прекрасен поглед на природата или Вашата градина. Ова пред сѐ е предност во есен и зима, бидејќи во темните месеци особено се профитира од повеќе дневна светлина во внатрешноста на домот.
Прозорците и балконските врати во висина од подот до таванот ги намалуваат границите помеѓу внатре и надвор. Просториите на тој начин делуваат посветли и поголеми. Големите прозорци и предните прозорци дури придонесуваат за зголемување на нашата благосостојба. Онаму каде што нема доволно сончевата светлина во мрачната сезона, може да дојде до депресивно расположение на станарите. Затоа треба да се размисли за можноста за вградување на поголеми прозорци.
Онаму каде што има многу дневна светлина, станарите се чувствуваат подобро, побалансирано и може подобро да се концентрираат. Недостатокот на природна светлина, од друга страна, може да доведе до замор и недостаток од мотивација. Затоа, големите површини на стакла го подобруваат здравјето и перформансите – и затоа пред сѐ се исплатливи за простории во кои поминуваме многу време. Тука, на пример, спаѓа работната соба, но и детската и дневната соба.
Редовното проветрување е од суштинско значење за да се намали влагата во воздухот во домот и да се спречи создавање мувла. И овде станува збор за нашето здравје: Свежиот воздух нè снабдува со кислород и на тој начин придонесува за зголемување на благосостојбата и општата ефикасност.
Колку е поголем лизгачкиот прозорец или лизгачката врата, толку е поедноставно проветрувањето. Конечно, кога при отворање на голем прозорец, има многу повеќе простор на располагање за размена на воздух отколку кај помали прозорци. Стариот застарен воздух на тој начин може побрзо да се замени со свеж однадвор.
Големиот преден прозорец или прозорските површини во висина на просторот овозможуваат да влезе многу сончева енергија во внатрешноста на куќата. Ова е предност токму во студените месеци во годината. Во зима, топлината на ударната сончева светлина ја поддржува онаа од вештачкото греење во внатрешните простори. За среќа, сопствениците на куќи со модерни прозорци, не мора да се грижат дека дополнителната топлина ќе се ослободи надвор. Причина: Висококвалитетните прозорци имаат изолирачко стакло или стакло со топлинска изолација, која што ја одржува топлината во куќата.
Големите прозорци или балконските врати имаат бројни предности, тие овозможуваат сончевата светлина непречено да навлезе и да ги направи приватните области видливи однадвор. Резултат: затоплени простори, а никаква визуелна заштита. Ова често е непожелно.
Соодветни решенија за заштита од светлина и несаканите погледи се, на пример, ролетни, жалузини, завеси или фолии за визуелна заштита. Притоа се од помош плисирани ролетни: Плисираната ткаенина може едноставно да се поместува одозгора надолу и обратно, така што ќе може секогаш оптимално да го приспособите погледот однадвор на Вашите потреби. Исто така со вистинската настрешница, иритирачките заслепувачки ефекти, љубопитните погледи и загревањето на ентериерот нема да претставуваат проблем.
Големите прозорци честопати се придружени со вознемирувачки звуци однадвор. Особено станарите во едносемејните куќи кои, живеат во близина на автопат, аеродром или железничка пруга често се погодени од непријатна бучава од околината. Ова се случува кај прозорците со едно стакло. Наспроти тоа, прозорците со двојно или тројно застаклување постигнуваат многу подобра звучна изолација.
Сепак, дури и повеќеслојно стакло, во некои случаи нема да биде доволно. За да може да уживате во мирот и тишината, во вакви случаи се препорачува вградување на прозорци со звучна изолација. Тие располагаат со специјално стакло со звучна изолација и рамка со ефект на придушување на звукот, па затоа се способни да ја минимизираат јачината на звукот, кој продира однадвор. Затоа уште пред купувањето треба да обрнете внимание на различните стандардизирани класи на звучна изолација и да побарате стручен совет.
Големите прозорци, носта и одреден ризик. Опасноста од пробивање е особено голема на приземјето. Покрај алармните системи и сензорите на прозорците, од помош може да бидат безбедносно стакло, безбедносни окови и прозорски рачки, кои се заклучуваат. Прозорските стакла изработени од композитно безбедносно стакло (VSG) обезбедуваат поголема сигурност во случај на напади на стаклените површини. Вистина, зацврстеното безбедносно стакло (ESG) често се користи кај големи прозорски елементи. Меѓутоа, во случај на напад, тоа само се распаѓа на мали скршени парчиња без остри рабови, што го намалува ризикот од повреда. Сепак, стаклата, кои одговараат на една од класите на отпорност според DIN EN1627 се многу поефикасни на кршење и затоа се поотпорни на пробивање. Поединечните класи се поделени според отпорот на пробивање и типот на пробивање од страна на натрапникот. За употреба во приватни куќи, полицијата ги препорачува таканаречените „класи на отпорност“ RC2 до RC3. Која класна отпорност ќе ја изберете зависи од степенот на опасност, како и од личната потреба за безбедност.
На местата каде што има прозорци со големи површини, треба да се постави не само соодветно безбедносно стакло, туку и безбедносни окови и прозорски рачки со заклучување. Тие на можните натрапници им го отежнуваат отворањето на прозорците. Со оглед на фактот дека повеќе од 70 проценти од натрапниците влегуваат во куќата со отворање на прозорците, ова е разумна мерка.
Висококвалитетни прозорски окови на пример се таканаречените „брави со печурковидна глава“. Завртките се обликувани како печурки и можат силно да се прицврстат во безбедносните ударни плочи на прозорската рамка. Ова значи дека прозорецот едвај може да се отвори однадвор. Корисни се и прозорските рачки што со заклучување. Тие го спречуваат таканареченото „продирање во стакло“, при кое натрапникот управува со прозорската рачка одвнатре откако ќе го скрши или пресече стаклото. Прозорската рачка со заклучување ја оневозможува оваа постапка.
Кога се гради или надградува домот со нови прозорци, треба да земе предвид неколку работи во однос на безбедноста, заштитата од сонце, визуелната заштита и звучната изолација. Кога станува збор за звучна изолација, треба да се земат предвид различните класи на звучна изолација и, доколку е потребно, да се користи една од бројните можности, кои се достапни за заштита од љубопитните очи и сончевото зрачење. За луѓето со зголемена потреба за безбедност, големите прозорски површини мора да бидат опремени со безбедносно стакло и специјални безбедносни прозорци.
Висококвалитетните прозорци на REHAU, прилагодени на Вашите индивидуални желби и потреби, се грижат за поголема благосостојба во Вашите четири ѕида.
Со прозорските системи од REHAU, GENEO и SYNEGO, монтажата на прозорците е полесна од кога било. Заменувањето на прозорците со нови прозорци од REHAU исто така се врши лесно и без проблеми. Специјализираната компанија за прозорци потоа професионално ги одложува прозорците – за поголема одржливост и заштнички пристап кон животната средина. Ново откривање на прозорците – за животот денес и утре.
Со задоволство ќе Ве советуваме за можностите и ќе направиме за Вас необврзувачка понуда за прозорци.