Прозорци SYNEGO
Прозорскиот систем SYNEGO обезбедува пријатна топлина, а благодарение на до 45 % поголемата топлинска изолација активно придонесува во заштитата на животната средина.
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Доброто чувство
Прозорците SYNEGO од REHAU ја носат ознаката за производ EcoPuls. Тоа значи дека во профилот се содржат рециклати од повеќе од 40%. REHAU се залага за овој позитивен еколошки отпечаток. Уживајте во удобноста на Вашите прозорци заедно со доброто чувство дека сте избрале одржливо создаден производ.
Двојна одржливост
Исто така и извонредните својства на топлотна изолација обезбедуваат дека со прозорците SYNEGO правите нешто добро за животната средина. Со вградување во Вашите простори за живеење, постигнувате до 45 % повеќе топлинска изолација во споредба со актуелните стандардни прозорци*. Ова заштедува енергија, обезбедува пријатна топлина, а освен тоа ја зголемува и вредноста на Вашиот имот.
Прозорците SYNEGO во изведба со среден дихтунг (MD) се соодветни за пасивни куќи согласно ift- регулативите.
* Минимален услов за стандардни прозорци според регулативата за заштеда на енергија 2014 (EnEV): Uw = 1,3 W/(m²K), најдобра вредност SYNEGO со систем за среден дихтунг: Uw = 0,76 W/(m²K)
Чувствувајте се пријатно – независно од тоа колку е гласно Вашето опкружување.
Бучавата знае да му наштети на здравјето, дури и кога воопшто не сте свесни за неа. Истражувањата докажуваат дека постојаното вознемирување, со бучавата од сообраќајот, доведува до значително зголемен ризик од кардио васкуларни заболувања. Оставете ја надвор бучавата, која предизвикува стрес. Благодарение на посебната длабочина на вградувањето на SYNEGO, може да се користат стакла со специјална функција, кои обезбедуваат зголемена акустична заштита – за мирен и релаксиран дом.
Врвна заштита од бучава
Прозорците SYNEGO го подобруваат квалитетот на животот, бидејќи кога дополнително се опремени со систем за среден дихтунг, ја намалуваат бучавата за до 47 децибели. Ова приближно одговара на јачина на звукот на косилка за трева со оддалеченост од неколку метри. Со ова, прозорците SYNEGO постигнуваат 26-кратно намалување на бучавата.
Безбедност до класа на отпорност RC 3
Прозорците со класа на отпорност RC 1 покажуваат помала заштита од насилно отварање и поради тоа може да се пробијат за релативно кратко време. Кај повисоките класи на отпор потребно е значително повеќе време, а пред сѐ се потребни и тешки алатки. Прозорците SYNEGO без проблем ја достигнуваат класата на отпорност RC 2. Преку соодветни дополнителни мерки едноставно се реализира и класата на отпорност RC 3.
Алармниот модул REHAU Smart Guard, кој е вграден во рамката, ги препознава натрапниците и активно ги одвраќа, пред да направат некаква штета. Во итен случај, главниот аларм се активира безжично. Системот може да се поврзе на индивидуалните алармни програми со системот на Паметниот дом.
Лесно пристапните прозорци и балконски врати во 80 % од случаите претставуваат цел на натрапниците. Благодарение на засилената технологија за безбедност, кај речиси половина од случаите останува само обидот за пробивање. Натрапниците се откажуваат ако не најдат лесна мета и не успеат да го пробијат прозорецот за неколку секунди.
Долготрајна функционалност
SYNEGO не само што одлично изгледа, туку и после долги години ја задржува својата целосна функционалност. Нашиот специјален систем за дихтување, заштитува од провев и влажност, а истовремено овозможува оптимизиран притисок при затварање. Значително полесно ќе ги отворате и затворате прозорите.
Површина, отпорна на нечистотија
Кај погрубо структурираните површини, нечистотиите полесно се собираат во вдлабнатините, а потоа тешко може да се отстранат.
Завршниот слој со висока прецизност (ХДФ) овозможува Вашите прозорци и врати секој ден да сјаат како нови. Високо комплексната формула обезбедува совршена површина, која останува долготрајно чиста и лесно се одржува.
Разнобојност која трае.
Омилените бои ги има во широка палета од повеќе од 400 дизајни. Бојата можете посебно да ја избирате за внатрешната и надворешната страна на декорот – на пример, надвор антрацит, внатре класична бела боја. Без оглед каков ќе биде изборот: Прозорецот и по многу години ќе изгледа исто како после првиот ден. Бидејќи, боите и декорите се отпорни на временски услови.
KALEIDO FOIL
Докажана стандардна постапка со двослојна ПВЦ-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од избледување и други влијанија од околината.
KALEIDO WOODEC
Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување. На овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од пластика од прозорците од дрво.
KALEIDO PAINT
Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Текстурирани бои за специјални ефекти.
KALEIDO COVER
Совршениот изглед на алуминиум: Соодветните алуминиумски фасадни ѕидови го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од пластика на REHAU.
Целосен изглед. Профилите во боја, даваат постојан и висококвалитетен изглед на прозорците.
Големи, мали, аглести или кружни – целосна слобода на дизајнирање. Прозорецот не мора повеќе да биде правоаголен. Со SYNEGO се отворени многубројни архитектонски можности. Дали праволиниски, заоблени или кружни – сè е можно. Стилски елементи, испакнатини или креативни прозорски делови поставуваат дополнителен акцент. На тој начин SYNEGO е вистинскиот избор, како при реставрирање, така и при нова изградба!
Тенок дизајн
Прозорците SYNEGO имаат тенок дизајн на крилото. Благодарение на двокрилното решение, средишниот дел е посебно филигрански и овозможува многу светлина во Вашиот простор за живеење.
Како активна компанија ширум светот, REHAU има посебна одговорност кон луѓето и животната средина. На овој начин, ние постојано ја оптимизираме нашата употреба на ресурси, како и енергетска ефикасност во нашите фабрики и производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката за производ EcoPuls веќе денес содржат содржина на рециклат од 40 % до 75 % и се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.
Ветување на нашата генерација – Ваша гаранција за одржливо дејствување
Кај нас не постојат празни ветувања. Кружната економија и посветеноста на одржливоста активно се практикуваат во REHAU. За да покажеме јасно каква централна вредност поседува темата за одржливост во REHAU, ја воведовме ознаката EcoPuls. Со него може веднаш да видите дека Вашиот прозорец REHAU е произведен особено одржливо преку употреба на рециклати.
SYNEGO прозорци и балконски врати
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 109 mm до 175 mm |
Длабочина на вградување: | 80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,94 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 47 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 3 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Сила за отварање (EN 13115): | Класа 1 |
Подигачко-лизгачки врати SYNEGO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 179 mm (103 mm со крила на панорамата) |
Длабочина на вградување на рам/крило: | 190 mm/80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 43 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B3 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Лизгачки врати за склад SYNEGO SLIDE
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 65 mm/101 mm |
Длабочина на вградување на рам/крило: | 156 mm/80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 44 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B3 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 8A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Влезни врати SYNEGO
Технички податоци
Ширини на лицето на рамките/крилата | 174 mm |
Длабочина на вградување: | 80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,2 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 2 |
Пристап без бариери
Со подниот праг RAUCERO од 0 mm, преминот помеѓу внатре и надвор се изработува едноставно без бариери. Прагот содржи системски интегрирана дренажа и многу лесно се чисти, што претставува одличен додаток на атрактивниот и дискретен изглед.
Сертифицирана безбедност од пад
Францускиот стаклен балкон SKYFORCE ја обединува сертифицираната безбедност со барањата за добра оптика. Тој ги поддржува јасните линии на модерните фасади и може да се зацврсти без видливи шрафови.
Визит-картичка на убавите прозорци
Визит-картичка на убавите прозорци – внатрешните прозорски даски REHAU INSILL имаат одличен дизајн со уверливи својства. Дизајнирајте ги своите внатрешни простори целосно по Ваш вкус, притоа не откажувајќи се од удобноста.
Елегантни прозорски рачки
Едноставниот изглед на прозорските рачки LINEA е во идеална хармонија со јасните линии на модерните прозорци. За дополнителна безбедност на прозорците се грижи патентиран механизам за заклучување. На овој начин се отежнува неовластеното преместување на оковот однадвор.
Engineering progress
Enhancing lives
Maximum cart size of 3 items has been reached!