Модерни прозорци
Направете го својот дом оаза на благосостојба со модерни прозорци.
Сопствениците на домовите денес имаат различни очекувања од техниката на прозорците. На пример, тие сакаат големи прозорци со соодветна звучна изолација, висока енергетска ефикасност и опрема, кој нуди соодветно ниво на безбедност за нивниот семеен дом. Модерните прозорци го постигнуваат ова и ги исполнуваат овие и многу други барања. Тука се вбројуваат прозорци од PVC, панорама прозорци и изведби со топлинска изолација, како и прозорци во висина од подот до таванот. За каков модел и каква опрема треба да се одлучи купувачот: Речиси дека нема потреба од компромиси. Модерната техника на прозорците го овозможува тоа.
При изборот на прозорски елементи, купувачите денес профитираат од особено големиот избор. Доколку моделите имаат поголеми прозорски површини, тие овозможуваат повеќе светлина во внатрешноста и обезбедуваат пријатно светли простории во кои секој сака да престојува. Бидејќи, светлината можеме да ја користиме насекаде во дневната соба, каде што поминуваме многу време, како и во работната соба и во многу други простории. Производителите реагираат на побарувачката со прифаќање на различноста и нудење производи во различни големини. На тој начин, секој сопственик на домот, добива можност оптимално да го опреми својот имот. Ретко кој модел на прозорци е толку впечатлив како панорамските изведби. Овие производи даваат јасен поглед на огромните пејзажи, морето или градот. Тие се особено големи и затоа обезбедуваат исклучително светли простории. Честопати во текот на денот се создава впечаток дека сте на отворено. Овие прозорци нудат можност за значително подобрување на било кој имот и затоа денес луѓето ги обожаваат. Тие ја исполнуваат желбата да се внесе природата внатре, да се нурне во градината и да се обезбеди непречен поглед кон надвор.
Сакате актуелни бои во тренд, како што е, на пример, прозорец во антрацит, или посакувате верзии во класични бои како бела или црна? Кај модерните прозорци, можни се многу работи. Секој сопственик на дом, има можност да ги приспособи моделите на прозорци на другиот дизајн на имотот, на пример на ѕидовите или фасадата. Прозорската рамка честопати нуди непоимливи можности за дизајн одвнатре и однадвор. Оној, кој е свесен за ова и внимателно ги избира своите прозорски елементи, има можност да придонесе за подобрување на целата зграда. Покрај боите на прозорците, постојат многу можности за избор во однос на употребениот материјал и дизајнот воопшто. Модел на прозорец од вештачки материјал, нуди поинакви можности за дизајн од дрвениот прозорец. Изведбите од вештачки материјали денес се барани, бидејќи нудат многу основни предности. Тука спаѓа и одредена еластичност. Овие производи многу години ќе го задржат високиот квалитет за сопствениците. Тие нудат предности во однос на чистењето и целосно можат да издржат механички влијанија како што се туркања или удари. Затоа, тие се релативно некомплицирани и со задовлоство се користат. Освен тоа, материјалот е релативно лесен, нуди предности во однос на трошоците и овозможува конструкција на најразлични форми на прозорци. Поради тоа, многу производи на пазарот денес се изработени од овој материјал и се типични за модерните понуди.
Од доаѓањето на енергетски ефикасните домови и новата свест за енергетските прашања, сопствениците на домовите ги избираат своите модели на прозорци повеќе од кога било досега врз основа на тоа колку ефикасно функционираат. Притоа, целта е колку е можно повеќе да се намалат потребите за греење и на овој начин да се придонесе за заштита на климата и во исто време да се намалат трошоците за работа. За ова се потребни инвестиции во модерни и тековни решенија кај многу имоти, исто така во однос на технологијата на прозорци, која се користи. Добрите прозорски елементи придонесуваат за колку што е можна помала загуба на топлина. Доколку ова успее, моделите на прозорци ќе се покажат како вистински заштедувачи на енергија. Секој може лесно сам да открие дали прозорецот ги исполнува сите барања за енергетска ефикасност. Сè што треба да направите е да поминете со запалена свеќа, прозорецот. Доколку пламенот трепери, тоа е сигурен знак дека модернизацијата може да има смисла. Треперењето укажува на места, кои не дихтуваат, што се типични за старата технологија на застаклување и прозорци. Се прави разлика помеѓу еднослојни и повеќеслојни застаклувања, изведби со двојно и тројно стакло со топлинска изолација, како и варијанти со необложено стакло со изолација, исто како и композитни и кутија-прозорци. Сите имаат свои карактеристични особености и имаат различна распространетост во Германија. Оној, кој сака да ја намали потребата од топлина на својата зграда, треба да направи насочена инвестиција во модерната технологија на прозорци.
Најкорисни за ова се изведбите на прозорци со тројно стакло со топлинска изолација. Овие се повеќе распространети приближно од 2005 година наваму и се најмодерни. Останатите наведени варијанти, како што се еднослојно застаклување или стакло со изолација, веќе не се во тренд и не задоволуваат високи барања. Притоа, секогаш е одлучувачка постигнатата U-вредност. Колку е пониска, толку подобар ќе биде придонесот за топлинска изолација. Добра вредност, на пример, е 1,1 што може да се постигне со модерно стакло со топлинска изолација. Застарените производи, од друга страна, укажуваат на вредности како 4,7, како што е случајот кај еднослојното стакло, па затоа се исклучени од еколошките куќи бидејќи не се одржливи.
Добриот прозорски елемент денес вклучува и соодветна заштита од насилно отварање. Доколку се исполнети сите безбедносни барања на зградата, прозорците не можат толку лесно да се отворат од неовластени лица и на тој начин спречуваат, некој да влезе во зградата преку нив. Повеќе од половина од сите пробивања, се случува преку отворите на прозорците и преку балконските врати. Поради тоа од сопствениците на домовите се бара да посветат посебно внимание на оваа тема и да инвестираат во соодветно опремени безбедносни прозорци. Производителите исто така интензивно му се посветуваат на овој важен аспект за заштита на прозорците и развиваат модели отпорни на пробивања кои, на пример, одговараат на класата на отпорност RC 2. Овие веќе обезбедуваат доволна заштита во повеќето случаи и покажуваат уште една предност: Визуелно не се разликуваат од нормалните изведби без овој заштитен аспект. На тој начин, не се случува оптичко оштетување на објектот. Покрај функцијата за заштита од пробивања, модерната техника на прозорци нуди повеќе функции за заштита, на пример во однос на бучавата. Доколку имотот се наоѓа на многу прометна улица, таквата функција за звучна изолација е од исклучителна важност. Бидејќи, бучавата влијае на здравјето на жителите таа треба да остане надвор. Модерните прозорци можат да го направат тоа на високо ниво и да обезбедат мир и тишина во просторите за живеење.
Висококвалитетните прозорци и врати на REHAU, прилагодени на Вашите индивидуални желби и потреби, се грижат за поголема благосостојба во Вашите четири ѕида.
Со прозорските системи од REHAU, GENEO и SYNEGO, монтажата на прозорците е полесна од кога било.
Заменувањето на прозорците со нови прозорци од REHAU исто така се врши лесно и без проблеми. Специјализираната компанија за прозорци потоа професионално ги одложува прозорците – за поголема одржливост и заштитен пристап кон животната средина. Ново откривање на прозорците – за животот денес и утре.
Engineering progress
Enhancing lives
Maximum cart size of 3 items has been reached!