Прозорци од вештачки материјали со изглед на дрво
Со KALEIDO WOODEC, Вашите прозорци изгледаат како да се направени од дрво притоа ги нудат сите предности на прозорците од вештачки материјали.
Дрвото се вбројува во најстарите материјали за прозорци и сè уште е многу популарно. Сепак, како и повеќето природни производи, прозорците од вистинско дрво се подложни на штетници и одземаат релативно многу време за грижа. За да се спречи оштетување, дрвените прозорци мора редовно да се одржуваат и пребојуваат. Прозорците од вештачки материјали со изглед на дрво се идеална алтернатива на вистинското дрво бидејќи имаат пријатен изглед на дрвен прозорец и нудат предности на прозорците од вештачки материјали. Поради пониските трошоци за материјали, сè повеќе сопственици на куќи се одлучуваат за монтирање прозорци од вештачки материјали, со дрвен декор по мерка. Тие се централен елемент на секој имот, имаат непогрешлив изглед, а обезбедуваа топла и пријатна атмосфера за живеење, како и сигурност. Со својот привлечен изглед, тие, освен тоа, ги надополнуваат и повеќето украсни предмети и покуќнина во семејниот дом или викендичката. Во нивните посебни својства се вбројуваат и одличната изолација и природната естетика.
Прозорците со изглед на дрво а направени од PVC, претставуваa една од најчесто произведените материјали во светот. Рамката на прозорецот притоа е покриена со специјална украсна фолија, која е особено издржлива и зрачи со природен изглед. Овие фолии го покриваат сјајниот бел изглед на прозорците од PVC и се достапни во најразлични изведби. Во класиците спаѓа и тонот златен даб, кој потсеќа на топол тон од дабово дрво. Понатамошниот избор се протега од дрвени тонови, како што се догласие или бор, па се до темни дрвени тонови како што се оревово дрво или махагони. Со фолиите се добива не само бојата, туку и зрното на дрвото, како кај вистинското дрво, така што тие не може да се разликуваат од вистинските дрвени прозорци. Но, не само што визуелно тешко може да се разликуваат од вистинските дрвени прозорци, туку се чувствуваат и особено вистински бидејќи го имитираат чувството на дрвената структура. И покрај длабокото обликување, прозорските рамки се чистат едноставно. Тие се робусни и бараат само повремено бришење со влажна крпа.
За да се гарантира функционалноста на дрвените прозорци, тие мора да се лакираат на секои две години. Овој напор за одржување, го нема кај прозорците од вештачки материјали, со изглед на дрво. Покрај тоа, површината, отпорна на временски услови може да ги издржи и најекстремните временски услови, не е чувствителна на влага и затоа има долг век на траење. Тие се состојат од таканаречен профил со повеќе комори. Во овие шуплини се складира воздух, со што се обезбедува подобра топлинска изолација. На тој начин се спречува губење воздухот, којшто се складира во куќата. Доколку старите дрвени прозорци се заменат со модерни алтернативи од вештачки материјали, не само што може значително да се намалат трошоците за енергија, туку може да се намалат и емисиите на CO2 во домот. Модерното застаклување со топлинска изолација обезбедува енергетска ефикасност. Комбинацијата од мали трошоци за одржување, мали трошоци за набавка, како и заштеда на трошоците за енергија ги прави прозорците со изглед на дрво да изгледаат исплатлива опција, а со висок квалитет. Од аспект на одржливоста тие се добар избор, бидејќи имаат особено добри својства за рециклирање. Материјалот може целосно да се рециклира до седумпати. Издржливиот материјал се произведува и обработува на начин што штеди ресурси, бидејќи е потребна само мала потрошувачка на енергија и се создава малку отпад. Понатамошна предност е тоа што е безопасен за здравјето и отпорен на пламен.
Иако прозорците со изглед на дрво, овозможуваат пријатна атмосфера за живеење и природна средина, постојат и други интересни алтернативи. Кафените прозорци доаѓаат во различни нијанси, а изгледаат слично на ефектот на дрвен декор. Потемните нијанси на кафена боја формираат убав контраст со светлите ѕидови и асоцираат на пристојност, природа и размислување. Но, исто така и другите бои на прозорците како црно-кафена, чоколадно кафена, костен кафена, темно кафеава или махагони, се добар избор и создаваат поприроден карактер. Земјените тонови не се само популарна боја на прозорците кај рустикалните куќи или полудрвените куќи, туку посебно и кај модерните имоти.
Висококвалитетните прозорци на REHAU, прилагодени на Вашите индивидуални желби и потреби, се грижат за поголема благосостојба во Вашите четири ѕида.
Со прозорските системи од REHAU, GENEO и SYNEGO, монтажата на прозорците е полесна од кога било.
Заменувањето на прозорците со нови прозорци од REHAU исто така се врши лесно и без проблеми. Специјализираната компанија за прозорци потоа професионално ги одложува прозорците – за поголема одржливост и заштитен пристап кон животната средина. Ново откривање на прозорците – за животот денес и утре.
Engineering progress
Enhancing lives
Maximum cart size of 3 items has been reached!