Бели прозорци: класика меѓу боите на прозорци
Многу луѓе тешко се одлучуваат за бојата на прозорците. Ова е разбирливо, бидејќи бојата на прозорците и вратите во голема мера го одредува изгледот на самата фасада. Поради тоа, купувањето мора добро да се обмисли.
Белата боја е безвременска класика: Едноставниот тон на бојата, совршено одговара на многу бои на фасадите. Така, белите прозорци се исклучително популарни кај станарите. Долготрајноста на прозорците од вештачки материјали во бела боја е уште еден одлучувачки фактор, кој влијае во одлуката за купување. Исто така кога е во прашање негата, светлите тонови на боите во ништо не се полоши од темните. Важи следново: Белите прозорци од вештачки материјали се чистат едноставно и се отпорни на различни временски услови, температура и сонце.
Белата боја на рамката може да се постигне во многу градации. Познати тонови на белата боја се RAL 9010 како чисто бела, RAL 9016 како сообраќајно бела, RAL 9001 како крем-бела, RAL 9002 како сиво-бела, RAL 9003 како сигнално бела или RAL 1013 како бисерно бела.
Фасадата на куќата, подпрозорската даска и покривот треба да бидат усогласени со бојата на вратите и прозорците (подпрозорската даска INSILL од REHAU, ja има во повеќе различни бои). Во овој поглед, белата боја, речиси и нема ограничувања. Белата боја се вклопува во многу концепти. Белите прозорци, често создаваат исклучително софистициран контраст на темните фасади.
Патем речено, прозорските рачки и прозорските рамки по правило го имаат истиот тон на боја како и прозорците – а самиот дизајнот на боите едноставно нема никакви ограничувања.
Доколку одиме низ улиците на една новоизградена населба, брзо ќе ги препознаеме: антрацит сивите прозорци, црните прозорци и прозорците во сива боја, кои се во силен тренд сега, покрај белите прозорци. Секако, многу сопственици на куќи и понатаму се одлучуваат за прозорци со изглед на дрво.
Одлуката за купување нови прозорци не треба да се донесе од чисто естетски причини. Дополнителните функции како топлинска и звучна изолација и заштита од насилно отварање, исто така играат голема улога. U-вредноста е одлучувачка кај топлинската изолација: колку е помала U-вредноста, толку се поголеми изолацијата и заштедата на енергија – заштедете трошоци за енергија во ладните зимски месеци. Прозорците со звучна изолација спречуваат пренесување на надворешната бучава во внатрешноста – ова е важно за домовите кои се наоѓаат на многу прометни улици или во градските подрачја. Прозорците со заштита од насилно отварање од класа на отпорност RC 2 се препорачани од полицијата, со цел значително да се отежне влегување на несаканите натрапници во Вашиот дом – за да може мирно да спиете ноќе или релаксирано да одите на одмор.
Прозорците во бела боја поентираат и во цената. Наспроти оние, кои имаат боја од двете страни, трошоците често се до околу 30 % пониски цената на прозорците во антрацит или прозорците во црна боја. Покрај сумата за новите прозорци, задолжително треба да размислите и за трошоците за монтажа, кои настануваат при купување на прозорците. Во многу случаи, клиентите добиваат комплетна понуда за нивните нови прозорци.
Монтажата на прозорците првенствено зависи од ситуацијата при вградувањето. Постојат разлики помеѓу монтажа во новоградби или стари градби. За ново иградените објекти, монтажата на прозорците се врши пред малтерисување на внатрешните и надворешните ѕидови. Честопати, прозорците во новоградба се монтираат веќе по завршувањето на карабината. Во старите градби, пред монтажата, најпрво мора да се отстранат старите прозорци и да се изврши прецизно вклопување на новите рамки во постоечката ѕидарија, според DIN-пропис. За таа цел, на монтерите на прозорци им се потребни специјални алатки и соодветни материјали. Меѓу другото, по монтажата, прозорците сè уште треба да бидат се прилагодени. Тоа е од фундаментално значење во однос на топлинската изолација. Правилно прилагодените прозорци го спречуваат навлегувањето на провев, особено во зимските месеци. Последно, но не и најмалку важно, ова има позитивен ефект врз собната температура и трошоците за греење. За успешна звучна и топлинска изолација, при монтажа на новите прозорци би било идеално да се обратите на стручен лице.
Специјализирана компанија за прозорци во Ваша близина со задоволство ќе Ве советува детално и за Вас, бесплатно ќе направи необврзувачка понуда за прозорци, прилагодена на Вашите сопствени потреби и барања.
Висококвалитетните прозорци на REHAU, прилагодени на Вашите индивидуални желби и потреби, се грижат за поголема благосостојба во Вашите четири ѕида.
Со прозорските системи од REHAU, GENEO и SYNEGO, монтажата на прозорците е полесна од кога било. Заменувањето на прозорците со нови прозорци од REHAU исто така се врши лесно и без проблеми. Специјализираната компанија за прозорци потоа професионално ги одложува прозорците – за поголема одржливост и заштнички пристап кон животната средина. Ново откривање на прозорците – за животот денес и утре.
Со задоволство ќе Ве советуваме за можностите и ќе направиме за Вас необврзувачка понуда за прозорци.