Прозорци во антрацит

за стилизиран и пријатен дом.

Кон понудата на прозорци

Големи прозорски површини

Прозорци во антрацит

за стилизиран и пријатен дом.

Кон понудата на прозорци

Прозорци во антрацит – модерна боја за сопствениот дом

Кога станува збор за изборот на вистинскиот прозорец за сопствениот дом, улога играат не само големината и материјалот на прозорската рамка, туку честопати и бојата. Класичната бела боја за прозорци сè уште е најзастапена, но не е особено декоративна. Иако белите прозорци хармонично се вклопуваат во целокупната слика, тие си носат и свои oграничувања. Прозорците во антрацит (најчесто скратено како RAL 7016), од друга страна, не само што нудат визуелни предности, туку имаат и практични плусови што можат да ги понудат.

Предностите на прозорците во антрацит


РАУ-ФИПРО ИКС: 76 % заштеда на енергија

Темната сива боја е една од боите, кои секогаш се во мода и имаат безвременски карактер. Визуелно, се издвојува од било која боја фасадата и создава целокопен модерен стил. Ова се однесува како на светли, така и на темни бои на куќата. Тие може да бидат тон во тон, но и да создадат привлечен контраст.

Прозорците во антрацит сива боја се покажуваат како полесни за чистење. Дамките од нечистотија се исто толку незабележливи на темната прозорска рамка, како прашина или лесни промени на бојата.

Прозорците, значително подолго време, изгледаат како нови и притоа бараат помалку напор за одржување во споредба со белите или светлите варијанти на прозорци. На светлите прозорски рамки се забележува и најмалата дамка. Дури и при редовно чистење, доволна е само една мува за застане на рамката, и да направи дамка, која тешко се отстранува – затоа не се ни приближно лесни за нега како прозорците во боја на антрацит. Прозорите во боја на антрацит, лесно може да бидат надградени со заштита од инсекти.

Недостатоци на прозорците во антрацит боја


Предности на РАУ-ФИПРО ИКС

Главен недостаток на темните модели на прозорци е цената. Најчесто треба да се плати нешто повеќе, што може да се смета за поголем трошок. Меѓутоа, ова важи за сите бои на прозорци освен белата. Сепак, овој фактор зависи и од други точки, како што се, на пример, материјалот и големината. Малиот подрумски прозорец,  се разбира дека е поевтин од прозорците во висина од подот до таванот или лизгачките прозорци. Исто така поскапи се и прозорците по нарачка. Истото важи и за моделите со двобојни рамки. Ако прозорците се со друга боја однадвор, а бели одвнатре, тие нудат бројни можности за дизајн, но се поскапи.

Високиот квалитет и разновидност се одлучувачки фактор


КАЛЕИДО КОЛОР

Предностите на овие модели на прозорци се уверливи и јасни. При изборот, сепак, мора да се внимава на квалитетот на материјалот и самата изработка. Дополнително, треба да се земат предвид различните видови материјали. Традиционалните варијанти имаат рамка направена од метал или дрво. Во меѓувреме, сепак, се наоѓаат и модерни прозорци изработени од вештачки материјали. Предноста на овие модели, пред се е помалата тежина. Така големите прозорци од полесно може да се заменуваат и, спротивно од дрвените рамки, не се искривуваат. Тие не треба редовно да бидат бојадисувани, како дрвените на пример, достапни се во различни бои, па според тоа се издржливи и отпорни на различни временски услови.

Особено импресионираат добрите изолациски вредности. Со тоа се намалуваат трошоците за енергија и греење. Кога размислувате кои прозорци од вештачки материлај да ги користите, треба да се земат предвид и советите. „Готовите“ варијанти, не се секогаш најдобриот избор. Тоа пред сѐ, тоа се однесува на ситуации кога е потребна монтажа на тешко достапни места. Специјализираната компанија за прозорци во Ваша близина со задоволство ќе Ве советува детално и ќе направи за Вас необврзувачка понуда, прилагодена на Вашите потреби и барања.

Варијанти и бои


Модерна едноставност

Разновидноста на боите нуди бројни алтернативи, па моделите на прозорци се бираат така да одговараат на фасадата на куќата и влезните врати, на Вашиот вкус и на ентериерот. Тоа е веќе докажана предност. Но, RAL-боите нудат уште една дополнителна предност: Стандардните бои се обележани со соодветен четирицифрен број, што овозможува да се избере вистинскиот тон на бојата во случај на натамошно проширување или други структурни промени. На пример, на антрацит се однесува RAL-тон на боја 7016.

Исто така, може да се користат и сродни тонови, кои на пример ќе одговараат на различни стилови. Логичните алтернативи кај антрацитот се црни прозорци и сиви прозорци. Црната боја е посилна во контрастите, но сепак може да создаде многу модерен впечаток. Посветло сивата боја создава помек впечаток, но може и да се комбинира на многу начини.

REHAU прозорци во антрацит – лична понуда за Вашите прозорци


Прозорски дизајни

Висококвалитетните прозорци на REHAU, прилагодени на Вашите индивидуални желби и потреби, се грижат за поголема благосостојба во Вашите четири ѕида.

Со прозорските системи од REHAU, GENEO и SYNEGO, монтажата на прозорците е полесна од кога било. Заменувањето на прозорците со нови прозорци од REHAU исто така се врши лесно и без проблеми. Специјализираната компанија за прозорци потоа професионално ги одложува прозорците – за поголема одржливост и заштнички пристап кон животната средина. Ново откривање на прозорците – за животот денес и утре.

Со задоволство ќе Ве советуваме за можностите и ќе направиме за Вас необврзувачка понуда за прозорци.

Прозорските системи на REHAU - преглед


Прозорски површини Панорама

Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно

Едноставно. Лично. REHAU. Добијте ја овде, во само 6 чекори, индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection