Ексклузивни погледи
Прозорските елементи со голема површина, кои се изработени од високотехнолошкиот материјал засилен со влакна RAU-FIPRO, ја зголемуваат вредноста на просторoт за живеење.
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Со подигачко-лизгачките врати од GENEO може да остварите ширини на oтвор од 5 m. Со максимална ширина на елементите од 10 m и висина до 2,80 m, имате многубројни можности за дизајн.
Шеми на отворање
Oптимално искористување на просторот со системот за подигачко-лизгачки врати GENEO . Достапни се различни шеми на отворање. Дизајнирајте го својот дом целосно според своите потреби.
Големи стаклени површини за повеќе светлина
Благодарение на поголемата содржина на стаклени влакна, може без проблем да се вградат прозорски елементи со големина од 2,80 m и да бидат притоа целосно функционални. Отворете нови архитектонски можности со максимална природна светлина.
Долготрајна функционалност
Подигачко-лизгачките врати GENEO гарантираат леснотија при користење, благодарение на оптимално координираната техника на системот и иновативните детали за конструкција. Специјалниот систем за дихтување заштитува не само од проветвев и влажност, туку истовремено овозможува и оптимизиран затворен притисок. Така прозорците значително полесно ќе се отвораат и затвораат.
Врвна заштита од бучава
Бучавата знае да му наштети на вашето здравје дури и кога не сте свесни за неа. Подигачко-лизгачките врати GENEO се грижат за квалитетот на живот бидејќи ја намалуваат бучавата за до 43 децибели.
Едноставно одржување
Завршниот слој со висока прецизност (HDF) овозможува Вашите прозорци и врати секој ден да сјаат како нови. Високо комплексната формула обезбедува совршена површина и неспоредлив изглед. Вашите прозорци подолго остануваат чисти и се чистат лесно.
Извонредна топлинска изолација
Системската конструкција со длабочина на профилот од 86 mm и профил на рам со повеќе комори, елементите на подигачко-лизгачките врати може да се дизајнираат со вредности на топлинска изолација според стандардите за пасивни куќи.Обемните заптивки со вулканизирани агли штитат од провев, прашина, вода и спречуваат загуба на топлина.
Безбедност до класа на отпорност RC 2
Подигачко-лизгачките врати GENEO без проблем ја достигнуваат класата на отпорност RC 2. Прозорците и вратите со класа на отпорност RC 1 покажуваат помала заштита од насилно влегување и поради тоа може да се пробијат за релативно кратко време. Кај повисоките класи на отпор потребно е значително повеќе време, а пред сѐ се потребни и тешки алатки.
Во комбинација со тројно изолирачко стакло постигнувате идеални Uw-вредности до 0,69 W/(m2K). Големите стаклени површини дополнително го помагаат влезот на сончева светлина.
Подигачко-лизгачките врати GENEO им отежнуваат на натрапниците. Чувствувајте се безбедни и сигурни, и дење и ноќе.
Плус за безбедноста
Со системот Smart Guard од REHAU, интегрирате превентивен безбедносен систем како додаток во Вашите прозорци и врати. Така, натрапниците ќе бидат препознеани и одвратени со оптички и звучни сигнали и тоа пред нешто да се случи.
Индивидуални можности за Вашиот дом
Програмата KALEIDO COLOR нуди огромен избор на варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како KALEIDO PAINT (лакирање) или KALEIDO FOIL (фолирање). Резултатот: преку 400 можности за дизајн. Се разбира, можни се различни комбинации на изглед на внатрешната и надворешната страна.
KALEIDO FOIL
Докажана стандардна постапка со двослојна PVC-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од избледување и други влијанија од околината.
KALEIDO WOODEC
Уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување. На овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од вештачки материјал од прозорците од дрво.
KALEIDO PAINT
Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Бои со текстура за специјални ефекти.
KALEIDO COVER
Совршен изглед на алуминиум: Соодветните алуминиумски капаци го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од вештачки материјал на REHAU.
Како активна компанија ширум светот, REHAU има посебна одговорност кон луѓето и животната средина. На овој начин, ние постојано ја оптимизираме нашата употреба на ресурси, како и енергетска ефикасност во нашите фабрики и производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката EcoPuls веќе денес имаат содржина на рециклат од 40 % до 75 % и се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.
Наша средина, наша одговорност
Како компанија, која произведува ширум светот, REHAU има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа се подразбира дека ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики и нашите производи. До 2020 година, REHAU ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во постројките за рециклирање во сопственост на компанијата, како и во надворешни постројки за рециклирање, со цел одржлива заштита на ресурсите.
Технички податоци
Подигачко-лизгачки врати GENEO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 175 mm |
Длабочина на вградување на рам/крило: | 203 mm/86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 43 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B3 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
GENEO прозорци, балконски врати и врати за тераси
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 107 mm до 179 mm |
Длабочина на вградување: | 86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,84 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,80 W/(m²K) |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 48 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 3 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Сила за отварање (EN 13115): | Класа 2 |
Влезни врати GENEO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 169 mm |
Длабочина на вградување: | 86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,75 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,54 W/(m²K) |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
Заштита од провалување (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 3 |
Engineering progress
Enhancing lives
Maximum cart size of 3 items has been reached!