ЧПП за REHAU Smart Guard

Најважните одговори на прашањата во врска се темите Smart Guard, поврзување на системот во мрежа и контрола на апликацијата.

Контакт

Прашања и одговори (ЧПП) за Smart Guard

Општо

Монтиран ненаметливо на рамката или крилото на Вашите прозорци и врати, алармниот модул Smart Guard активно се грижи за превентивна безбедност. Интелигентниот сензор за препознавање ги регистрира натрапниците и потоа самостојно ја активира одбранбената програма. Ова вклучува визуелно предупредување на натрапникот со ЛЕД-светла и дополнително акустично предупредување преку сигнализатор.

Пред-аларм: Ова служи како активно претходно предупредување и одвраќање, пред сторителот да предизвика оштетување на прозорецот. За таа цел, на потенцијалниот натрапник во повеќе ескалациски нивоа визуелно и звучно му се сигнализира преку ЛЕД-светло и сигнализатор дека е откриен.
Главен аларм: Во случај на вистински обид за пробив, сензорот за вибрации регистрира, на пример, примена на алатка и јавува за тоа во централата на паметниот дом, којашто автоматски го активира алармот.

Постојат варијантите:

  • Smart Guard систем плус
  • Smart Guard систем за паметен дом

Освен тоа, Smart Guard може да се интегрира во системи на трети страни (на пр. mediola).

Кај Smart Guard систем плус, акустичното предупредување се дополнува со ефикасна сирена за аларм во внатрешниот простор. Дополнително, активирањето, односно деактивирањето на системот се одвива удобно, преку копче. Компонентите меѓусебно се поврзуваат преку радио. За системот плус не е потребна интернет-врска.

Со системот Smart Guard за паметен дом ја имате можноста за интуитивно управување со системот Smart Guard преку апликацијата „REHAU Smart Guard“. Системот, на пример може да се активира или деактивира преку апликацијата што е особено погодна за корисниците - или статусот на сите прозорци може да се следи на прв поглед. Во случај на аларм, ќе добиете насочено известување на паметниот телефон или таблетот.

Сите модули Smart Guard веќе се интегрирани во mediola® системот за паметен дом. Системот mediola® нуди сеопфатен систем за паметни домови за контрола на сите функции и поврзување на голем број различни компоненти. Со апликацијата од mediola®, IQontrol NEO, освен Smart Guard може да се интегрираат и контролираат голем број на други производи. На пример, ако алармот се активира од Smart Guard, ролетните може автоматски да се спуштат.

Перспективно се планира интеграција на Smart Guard во други системи за паметни домови.

Во оперативниот Smart Guard систем плус: спаѓаат алармниот модул Smart Guard, внатрешна сирена (за штекерот) и безжичен прекинувач (дизајниран како ѕидно копче или рачен предавател) за активирање и деактивирање на Smart Guard. Дополнително, може да се интегрира контакт-врата/прозорец за да се открие статусот на отворање на прозорецот или вратата на која не е прикачен алармниот модул Smart Guard, како и репетитор (за штекерот) за продолжување на патеката на радио-сигналот.

Во оперативниот систем Smart Guard за паметен дом спаѓаат алармниот модул Smart Guard, портата Re.Hub во сопственост на REHAU, EnOcean USB-радио стик и апликацијата „REHAU Smart Guard“.
Дополнително може да се интегрираат внатрешна сирена (за штекерот), безжичен прекинувач (дизајниран како ѕидно копче или рачен предавател) за активирање и деактивирање на Smart Guard, контакт-врата/прозорец за да се открие статусот на отворање на прозорецот или вратата на која не е прикачен алармниот модул Smart Guard, како и репетитор (за штекерот) за продолжување на патеката на радио-сигналот.

Овде се нудат две варијанти:

  • Ѕидно копче, на пример за сместување покрај прекинувачот за светло
  • Рачен предавател што може насекаде да го земете со себе и да го закачите на приврзокот за клучеви

Smart Guard е подобен во системи на трети страни како на пр. системот за паметен дом mediola како дополнителна мерка во рамките на енергетското реновирање. Поточно, подобни се автоматското работење на осветлувањето и жалузините, монтирањето на климатизацијата, безбедносните системи и комуникацијата со вратите.
Информирајте се, на пр. кај Вашата банка, инвеститорот, архитектот, специјализирана компанија итн. детално за Вашите индивидуални можности за финансирање.

Радио-протоколот EnOcean.

Не. Smart Guard претставува иновативно и паметно проширување на функцијата на прозорецот. Активното претходно предупредување на натрапникот од алармниот модул Smart Guard во прозорецот е единствено на пазарот. Во итен случај, Smart Guard во системот на трети страни, како на пр. mediola®, активира сценарио за аларм. Ова може да се дизајнира индивидуално и се протега од активирање сирена до комплексни процеси (вклучено надворешно светло, спуштање ролетни, текстуална порака на мобилниот телефон итн.). Поставувањето на сертифициран алармен систем по правило бара интервенции во куќата и електричната технологија, треба да го вршат сертифицирани компании и неговата функционалност е дизајнирана само за безбедност.

За системот за паметен дом се евидентираат само најнеопходните податоци, како на пр. земја, презиме, име и адреса на е-пошта. Сите собрани податоци се потребни за функционирање на системот. Правната основа за оваа обработка е чл. 6 I б. б од ГДПР. Податоците нема да им се проследуваат на трети страни за рекламни цели.
Одредбите за заштита на податоците на REHAU може да се видат на почетната страница на REHAU, како и во „Поставки“ во апликацијата „REHAU Smart Guard“. Податоците се бришат или целосно се анонимизираат кога ќе ја избришете Вашата сметка.

Smart Guard е достапен кај многу договорни партнери на REHAU. Истите може да ги најдете на линкот подолу: Договорни партнеру

Вградување и инсталација

Достапни се два алармни модули:

  • Smart Guard Inline GS
  • Smart Guard Inline/Ontop

Варијантите на модулите „Inline“ и „Inline GS“ се интегрираат во прозорскиот профил на REHAU, варијантата на модулот „Ontop“ се зацврстува на надворешната страна на профилот.

За употребата на алармните модули Smart Guard Inline GS или Smart Guard Inline, се препорачуваат прозорци од профилите на REHAU. Smart Guard е компатибилен со главните системи GENO и SYNEGO (Smart Guard Inline GS) и системите со длабочина на вградување од 70 mm, SYNEGO Slide и GENEO / SYNEGO HST (Smart Guard Inline). Во принцип, речиси сите големини и видови прозорци може да се опремат со алармните модули (Smart Guard. Меѓутоа, за Вашиот индивидуален проект, потребен е совет од специјалист за прозорци со цел конечно да се провери можноста за примена и да се гарантира целосна функционална безбедност.

Варијантата (Smart Guard Ontop може да се монтира кај сите стандардни прозорци од системите GENO, SYNEGO и со длабочина на вградување од 70 mm.

За надградба, најпогоден е посебно Smart Guard Ontop. Тој без проблеми може подоцна да се прикачи на прозорскиот профил.
Интегрираната варијанта Smart Guard Inline GS може да се надгради кај профилните системи GENEO и SYNEGO. Монтажата и инсталацијата треба да ја изврши квалификувана специјализирана компанија за прозорци, со цел да се избегнат грешки и да се осигури функционалноста. Побарувањата за гаранција за Вашите прозорци не се засегнати со тоа.
Интегрираната варијанта Smart Guard Inline за системите со длабочина на вградување од 70 mm, SYNEGO/GENEO HST и SYNEGO Slide не може да се надградува.

Монтажата не е можна кај моделите-прозорци како на пр. прозорци со лак и коси прозорци, како и елементи за отворање нанадвор. Дозволете специјализираната компанија за прозорци да Ве советува индивидуално како да го дизајнирате планирањето на прозорците на таков начин што функцијата и безбедноста се оптимално ускладени. Системот Smart Guard овозможува на пр. и интеграција на класични контакти за отворање на прозорци за да се обезбедат такви елементи што не се дизајнирани за превентивен аларм.

Smart Guard Ontop во принцип се користи независно од системот. Минималната ширина на лицето на прозорското крило притоа мора да изнесува 37 mm.

Алармниот модул Smart Guard Inline GS се вметнува низ отворите што ги направила специјализираната компанија за прозорци и се прикачува во преклопот на прозорецот. Алармниот модул Smart Guard Inline се вметнува преку фрезирања што ги направила специјализираната компанија за прозорци. Секој од сензорите е опкружен со дизајнерска рамка однадвор, така што се заштитени. Алармниот модул е фиксиран на профилот на прозорецот на рамката со помош на два филипс-шрафа.

Монтажата ја врши специјализираната компанија за прозорци. За да го направите ова, куќиштето на алармниот модул е прикачено на Вашиот профил на прозорецот однадвор во горниот центар со помош на леплива подлога.

Заштитата е можна преку контактот на вратата/прозорецот од програмата на REHAU.

На внатрешната сирена може да се внесат до 20 компоненти. Попрецизни информации може да најдете во упатството за работа на внатрешната сирена.

Не. Алармните модули Smart Guard во прозорците работат на батерии. Ова, од една страна, ја олеснува инсталацијата, но од друга страна ја зголемува и функционалната безбедност, бидејќи превентивната функција на Smart Guard се задржува дури и во случај на снемување струја.

За портата Re.Hub на REHAU на системот за паметен дом, како и внатрешната сирена, потребен е приклучок за струја од 230 V. Сите други компоненти, како и алармниот модул Smart Guard работат на батерии.

За алармниот модул Smart Guard Inline GS потребни Ви се две 1,5 V Mignon/LR6/ AA-батерии, а за алармниот модул Smart Guard Inline/Ontop две 1,5 V Micro/LR03/AAA-батерии. При користењето на погрешни батерии постој опасност од експлозија. Интерните тестови кај REHAU покажале дека батериите треба да се менуваат приближно на секои 2 години. Неопходната промена на батеријата ќе Ви биде навремено назначена во апликацијата „REHAU Smart Guard“ (систем за паметен дом) или акустично (систем плус).

Потребни се поврзување на интернет, рутер со бесплатен LAN-приклучок за поврзување на портата Re.Hub на REHAU, важечка адреса на е-пошта, како и паметен телефон.

Времетраењето зависи од локалните услови и обемот на саканата опрема/конфигурација. Ова може да се координира во консултација со специјализираната компанија за прозорци.

Како варијантата Smart Guard Inline/Ontop, така и варијантата Inline GS може внесат во портата Re.Hub.

Доколку Smart Guard Inline/Ontop успешно е внесен во порта, самиот од себе емитува сигнален тон. Ова Ви служи како помош во процесот на внесувањето.

Успешно внесениот алармен модул Smart Guard Inline/Ontop ќе Ви се потврди со сигнален тон. Доколку ова не се случи, спроведете ги следниве чекори:

  1. Проверете дали батериите се наполнети.
  2. Ако дометот помеѓу алармниот модул Smart Guard и портата Re.Hub (систем за паметен дом) е преголем, нема да се прими радио-сигнал. Во тој случај треба да се користи репетитор. Заради оптоварување на радио-каналите, не се препорачува употреба на повеќе од два репетитори, бидејќи репетиторите го повторуваат секој радио-сигнал на EnOcean.

Напомена: При внесувањето во портата Re.Hub, внимавајте да нема поставен магнет на алармниот модул Smart Guard откако ќе се вметнат батериите!

За да ја намалите чувствителноста, направете ги следниве чекори:

  1. Отворете го капакот на преградата за батерии и извадете ги батериите
  2. Затворете го прозорското крило 3x и повторно отворете го или поставете го магнетот 3x на Smart Guard и повторно отстранете го (над или под модулот) или почекајте 5 минути (целосно празнење)
  3. Одново поставете го магнетот на долниот магнетен контакт, онаму каде што се наоѓаат сензорите
  4. Повторно ставете ги батериите. Почекајте околу 30 секунди додека ЛЕД-от еднаш не трепне.

Согласно стандардите, чувствителноста се поставува на висока. Може да се менува само помеѓу состојбите ниска и висока.

Портата Re.Hub може да се прицврсти на ѕид со задната плоча. За таа цел, прво мора да се извадат EnOcean-USB-стикот, LAN-кабелот и мрежниот приклучок. Задната плоча потоа може да се отстрани од Re.Hub со надолжно лизгачко движење и да се прикачи на ѕидот. Потоа закачете ја портата на задната плоча, поврзете го USB-стикот и на крајот напојувањето. Треба да се држите до овој редослед.

Ако оддалеченоста помеѓу алармниот модул Smart Guard и портата Re.Hub е преголема, радио-дометот може да се зголеми со помош на репетитор. За да може да се користи Smart Guard со репетитор, тој за време на внесувањето мора да се наоѓа во штекерот. Веќе внесениот Smart Guard мора претходно да се извади од системот. Вклучете го репетиторот помеѓу портата Re.Hub и алармниот модул Smart Guard и стартувајте го одново го процесот на внесување. Не треба да се направат никакви други поставувања. Потоа проверете го правилното функционирање на Smart Guard.

Може да користите најмногу три репетитори по систем Smart Guard. Сепак, поради оптоварување на радио-каналите, се препорачува да се користат што е можно помалку репетитори.

Не, моментално е проверена само една врска преку репетитор.

Користење на апликацијата REHAU Smart Guard

Апликацијата REHAU Smart Guard е наменета за управување со системот Smart Guard во системот за паметен дом. Ова ги опфаќа активирањето и деактивирањето на сите Smart Guard, увид во статусот на отворање на прозорците и вратите, насочени известувања во случај на активирање аларм до уредот на кој е инсталирана апликацијата и интеграција на други компоненти на системот во системот Smart Guard.

Апликацијата „REHAU Smart Guard“ може да се преземе во познатите продавници за апликации „Google Playstore“ и Apple „App-Store“. Апликацијата е бесплатна.

Апликацијата „REHAU Smart Guard“ ја има за Android 5.0 или понов и iOS 11.0 или понов.

Да, за таа цел мора да ја инсталирате апликацијата „REHAU Smart Guard“ на соодветниот уред и да се најавите со истата сметка на REHAU.

Smart Guard е компатибилен и со апликацијата „REHAU Smart“, како и со апликациите од mediola® „IQONTROL NEO“ и „AIO CREATOR NEO“.

За поврзување на Smart Guard со апликацијата, потребна е порта Re.Hub од REHAU. Поединечните компоненти на системот мора да се внесат во портата една по друга. Сите информации за поставувањето на Re.Hub и интегрирањето на Smart Guard се опишани во апликацијата.

Достапното ажурирање ќе Ви се прикаже автоматски, слично како кај другите апликации.

Тука се применува сметката на REHAU со која сте најавени во апликацијата. На тој начин истовремено сте и администратор на системот.

Не, можно е ракување само на еден систем REHAU Smart Guard со една сметка на REHAU.

Сите информации за поставувањето на Re.Hub и интегрирањето на Smart Guard се опишани во апликацијата.

Прво проверете дали Smart Guard е прикачен на прозорското крило и дали магнетот е над алармниот модул. Прозорецот мора да биде навален најмалку 4 степени за да се прикаже статусот на кипање. Во спротивно, проверете дали во апликацијата се прикажува статусот на кипање 4 секунди по отворањето на прозорецот. Ова време на одговор се бара од портата.

Во табулаторот „Global“ во апликацијата се наоѓаат сите системски компоненти што наоѓаат корист во многу простори (на пр. безжични прекинувачи и внатрешни сирени).

Проверете дали портата Re.Hub е поврзана на интернет со рутер или преку LAN-кабел. Re.Hub понатаму мора да се поврзе преку приклучениот мрежен приклучок за напојување со електричната мрежа.

За да може да се внесуваат уреди, мобилниот уред мора да се наоѓа во истата мрежа со апликацијата, како што е случајот со портата Re.Hub.

Магнетот недостасува или се лизнал. Поставете го магнетот во прозорската рамка и залепете го. Разговарајте на таа тема со Вашата специјализирана компанија за прозорци.

Активирање е можно само при затворени прозорци, односно врати.

Работа и сервис

Smart Guard се активира или вклучува до 120 секунди по притискање на прекинувачот за радио или активирање во апликацијата (систем за паметен дом; тајмерот одбројува наназад). Деактивирањето се одвива во рок од неколку секунди.

Системот Smart Guard мора да се активира кога излегувате од дома. Со системот за паметен дом, преку апликацијата „REHAU Smart Guard“ може и кога сте отсутни да го контролирате и набљудувате системот Smart Guard.

Не, освен трошоците за струја за работата на портата (систем на паметен дом) односно внатрешната сирена, како и трошоците за менување на батериите, што е потребно да се прави приближно на секои 2 години. Нема трошоци за лиценци, апликацијата „REHAU Smart Guard“, како и ажурирања на фирмверот или слично.

Не, производот не бара одржување. Се препорачува повремено чистење на надворешните сензори на алармниот модул со крпа од микро фибер за целосно да се исклучат неочекуваните оштетувања предизвикани од нечистотија или натрупувања од прашина.

Во систем плус, навремено ќе бидете известени акустично од внатрешната сирена дека претстои промена на батеријата. Кога го користите системот за паметен дом, времето за менување на батериите се прикажува во апликацијата „REHAU Smart Guard“ за секој уред.

Алармните модули Smart Guard имаат лесно пристапна преграда за батерии. Во зависност од варијантата, рамката мора да се отстрани од куќиштето или целиот модул од профилот на прозорецот со помош на шрафцигер. Затоа, прочитајте го упатството за работа поврзано со уредот за детали за тоа како да ја смените батеријата. Упатството за работа може да го најдете во областа за преземање подолу.

Најпрво проверете дали батериите се наполнети.
При менување на батериите, не смее да има магнет во близина на алармниот модул. Ако ЛЕД-от на алармниот модул трепка трипати, извршено е фабричко ресетирање. Тогаш, извадете го Smart Guard од апликацијата „REHAU  Smart Guard“ (систем за паметен дом) и внесете го повторно.
Доколку менувањето на батериите во варијантата Smart Guard Ontop е извршено со затворен прозорец, Smart Guard е изнесен надвор од системот. Smart Guard е ресетиран на фабрички поставки и треба повторно да се внесе.

За фабричко ресетирање треба да се направат следниве чекори:

  1. Отворете го капакот на преградата за батерии и извадете ги батериите
  2. Затворете го прозорското крило 3x и повторно отворете го или поставете го магнетот 3x на Smart Guard и повторно отстранете го (над или под модулот) или почекајте 5 минути (целосно празнење)
  3. Поставете го магнетот на горниот магнетен контакт (во средината, каде што се наоѓа малиот засек)
  4. Повторно ставете ги батериите. Уредот по 30 секунди повторно ќе се наоѓа во фабричка состојба.

Ако фабричкото ресетирање било успешно, ЛЕД-от на модулот ќе трепне трипати. Во случај кога не е така, повторно извршете ги чекорите.

Фабричко ресетирање на внатрешната сирена мора да се изврши во систем плус во случај кога алармниот модул Smart Guard или друга системска компонента се погрешно внесени. За ресетирање, притискајте го копчето LRN околу 20 секунди, додека ЛЕД-от не трепка во црвена/жолта/зелена боја. Имајте предвид дека потоа сите внесени компоненти се бришат и мора да се внесат одново.

Задната плоча на портата не е правилно залепена. Трепкањето значи дека портата се наоѓа во работна состојба. За да исклучување на трепкањето, поставете ја правилно задната плоча.

Напомена: Ресетирањето на портата на фабричките поставки смее да се изврши само по барање во апликацијата „REHAU Smart Guard“!

  1. Ресетирајте на фабрички поставки (Unclaim) во апликацијата „REHAU Smart Guard“, ако тоа веќе не се случило.
  2. Извадете го приклучокот за напојување од уредот или од штекерот, извадете на USB-стикот и отстранете ја задната плоча (по потреба и LAN-кабелот, но не е неопходно).
  3. Притиснете и задржете го црното копче наспроти мрежниот приклучок во аголот, на пр. со пенкало или шрафцигер.
  4. Додека го држите копчето, повторно поврзете ја портата на мрежата.
  5. Држете го копчето уште 30 секунди додека не се појави пулсирачко бело светло, а потоа отпуштете го копчето.
  6. Најдоцна по 5 минути, портата треба повторно да работи. Ова е означено со рамномерно пулсирачко бело светло на портата.
  7. Притиснете го еднаш малото бело копче до LAN-приклучокот. Почекајте 3 минути додека не се појави бело пулсирачко светло.
  8. Потоа повторно извадете ја портата од струјниот приклучок, повторно поставете ја задната плоча.
  9. Портата сега може повторно да се постави со помош на упатствата во апликацијата.

Не. Заради безбедност и заштита на податоците, не е поставена опција за далечинско одржување. Во случај на проблем, како прв чекор, обратете се до Вашата специјализирана компанија за прозорци на REHAU преку која сте го набавиле производот.

Независното напојување од батеријата на алармниот модулот Smart Guard осигурува дека функцијата за превенција со визуелно и звучно предупредување продолжува да работи кај сите варијанти.
Сите функционалности на паметниот дом во системот на паметен дом се контролираат преку портата Re.Hub на REHAU. Ова се деактивира во случај на кога ќе снема струја, па затоа не може да се активираат сценаријата за аларм. По снемувањето струја, системот за паметен дом е повторно подготвен за работа.
Во случај кога ќе снема интернет, системот на паметен дом е целосно функционален, само не е можна контрола преку паметен телефон или таблет.

За резервни делови или компоненти од програмата за испорака на REHAU, обратете се директно кај специјализирана компанија за прозорци на REHAU. Производите за паметен дом што се интегрираат опционално може да ги добиете и кај специјализирана компанија за прозорци на REHAU или директно кај производителот, односно во специјализираната продавница за електроника.

За да се гарантира дека Smart Guard се правилно извадени од репетитор, сите репетитори мора да бидат поврзани во моментот на вадењето.

Ова не се советува. Дури и кога во принцип е можно ново позиционирање на репетиторот, тоа не треба да се направи бидејќи во спротивно нема да може да се гарантира функционирањето на Smart Guard. Потоа проверете дали Smart Guard сè уште функционира, инаку извадете го Smart Guard надвор од системот и повторно внесете го.

Доколку при внесувањето се користи репетитор, Smart Guard може да се активира/деактивира само со овој репетитор. Секако, статусот на прозорецот може понатаму да се пренесува директно или преку друг репетитор. Доколку сакате трајно да го отстраните репетиторот одSmart Guard, внесете го Smart Guard од системот, притоа стариот репетитор (доколку е уште функционален) мора да е активен. Потоа извадете го репетиторот од струја и одново внесете го Smart Guard.

По активирањето на алармниот модул Smart Guard, внатрешната сирена ќе се огласи трипати брзо и тивко. Потоа ќе се вклучи. Деактивирање на сигналниот тон на сирената во состојба на аларм е можно во апликацијата „REHAU Smart Guard“ (систем за паметен дом) или преку безжичен прекинувач, со деактивирање на целиот Smart Guard.

Една или двете батерии се празни. Сменете ги батериите.

Други прашања

Smart Guard секогаш мора да се постави пред заштитникот од инсекти. Во случај на инсталација зад заштитник од инсекти на може да се гарантира целиот опсег на функциите на Smart Guard. Кога е вграден заштитник од инсекти, се препорачува употреба на контакт на вратата/прозорецот.
Ролетните со завршни летвички направени од алуминиум може да предизвикаат пред-аларм (трепкање) поради повисоките температурни разлики. Но, системот повторно се ресетира во состојба на мирување бидејќи не е откриена постојана грешка.

Smart Guard реагира на движења. Значи, мало животно може да го активира пред-алармот, но не и главниот аларм. Бидејќи не е утврдена постојана пречка, системот се враќа во состојба на мирување.

Со слабо вибрирање не се активира главен аларм. Со силно вибрирање и активен систем Smart Guard, наспроти тоа, се активира главниот аларм.

Пред-алармот може да се активира и поради силно сончево зрачење, гранки, цвеќиња или други подвижни делови. Разговарајте со Вашата специјализирана компанија за прозорци за да се намали чувствителноста на детекторот за движење.

Не, оваа можност не постои.

Не, оваа можност не постои.

Можна е комбинација со прозорец за проветрување GENEO INOVENT (верзија со 1 жица, минимална ширина на елемент од 850 mm).

Портата Re.Hub на REHAU потребна за работата на системот Smart Guard за паметен дом претставува централа на паметниот дом којашто е конфигурирана само за системските компоненти на Smart Guard. За користење на Smart Guard во сеопфатен систем за паметен дом (контрола на многу различни занаети) се препорачува mediola® системот за паметен дом. Овде опционално може да се интегрираат до 700 компоненти за паметни домови, за да може да се постави комплексен целосен систем за паметни домови. Доколку имате прашања, обратете се директно во mediola.

По правило, не треба да се очекуваат остатоци од лепило. Вадењето мора да се изврши внимателно за да не се оштети профилот на прозорецот. Внимавајте Smart Guard претходно да е деактивиран.

Да, промените на површината условени од возраста можат да бидат видливи.

Пазарот на производи за паметен дом расте постојано и брзо. Сè повеќе производители нудат паметни производи и апликации. Mediola нуди отворен систем за најдобра можна компатибилност. Ова исто така може брзо да се прошири и прилагоди во иднина, со цел да се овозможи интегрирањето на нови и иновативни производи. Оваа голема флексибилност е одлучувачка за изборот.

Преглед на сите компатибилни производи може да најдете на веб-страницата на mediola.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection