Палета на производи за влезни врати од REHAU
Влезни врати GENEO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 169 mm |
Длабочина на вградување: | 86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,75 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,54 W/(m²K) |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 3 |
GENEO прозорци, балконски врати и врати од тераси
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 107 mm до 179 mm |
Длабочина на вградување: | 86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,84 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,80 W/(m²K) |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 48 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 3 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Сила за отварање (EN 13115): | Класа 2 |
Подигачко-лизгачки врати GENEO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 175 mm |
Длабочина на вградување на рам/крило: | 203 mm/86 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 43 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B3 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Ги пречекува посетителите и штити од непоканети гости – нашата влезна врата има бројни важни функции. Добро е ако исто така совршено се вклопува во домот и вкусот на неговите жители – како SYNEGO.
Внесете максимална благосостојба во својот дом со вратите SYNEGO и едноставно оставете ги натрапниците, бучавата и студот надвор
Влезни врати SYNEGO
Технички податоци
Видливост на рам/крило | 174 mm |
Длабочина на вградување: | 80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,2 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 2 |
SYNEGO прозорци и балконски врати
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 109 mm до 175 mm |
Длабочина на вградување: | 80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 0,94 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 47 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 3 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Сила за отварање (EN 13115): | Класа 1 |
Лизгачки врати SYNEGO Slide
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 174 mm |
Длабочина на вградување: | 80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,2 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 2 |
Подигачко-лизгачки врати SYNEGO
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 179 mm (103 mm со крила на панорамата) |
Длабочина на вградување на рам/крило: | 190 mm/80 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 43 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B3 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Влезни врати BRILLANT-DESIGN: Висококвалитетната изработка обезбедува робусност и издржливост
Влезната врата е визит-картичката на Вашиот дом. Градите одново или реновирате и се наоѓате пред влажна одлука. Ако го цените дизајнот, удобноста и додадената вредност, со влезните врати од REHAU Brillant-Design ќе ја донесете вистинската одлука.
Како впечатлив визуелен елемент, влезната врата треба беспрекорно да се вклопи во архитектурата на домот. Затоа, влезните врати, направени од профилите REHAU Brilliant Design, нудат цела палета на висококвалитетни можности за дизајн: широк спектар на бои, форми и декори, како и голем избор на соодветни додатоци - од стакла до поштенски сандачиња. Интеракцијата со мазната површина и елегантните косини на профилите од 20° на влезна врата ѝ даваат софистициран и беспрекорен карактер.
Влезните врати направени од Brillant-Design на REHAU не само што изгледаат добро, туку се и исклучително отпорни на ветер, студ, па дури и силен дожд – благодарение на извонредниот квалитет на нашите професионални l-системи. Тие се изработени од RAU-PVC, отпорен на временски услови и UV-зрачење. Заварените аголни спојувања заедно со затворената челична рамка во крилото обезбедуваат одлична торзиска крутост – а арматурите со голем волумен обезбедуваат особено голема стабилност. Така уште многу години ќе може да се радувате за влезната врата во топ-форма.
Добрата топлинска изолација се исплати
Влезните врати од REHAU Brillant-Design се грижат и влезното подрачје да остане заштитено од студен провев. На крајот на краиштата, влезната врата исто така мора да ги задоволи барањата за топлинска изолација и клима за живеење. Со дизајн со 4 комори во крилото и 5 комори во рамката, влезните врати од REHAU Brillant-Design го користат природниот изолирачки ефект на елементот воздух. Во комбинација со длабочина на вградување од 70 mm, ова обезбедува одлична топлинска и звучна изолација. На тој начин, студот, влагата и бучавата остануваат надвор пред вратата – а топлината внатре.
Влезната врата ја дизајнирате според својот вкус
Уникатната слика на влезната врата произлегува од хармоничната интеракција на бојата и формата. За да може да се создаде вистинската влезна врата за секое поединечно барање, нашата палета на панели за влезни врати вклучува над 100 модели. Почнувајќи со модерни апликации од не'рѓосувачки челик, преку традиционална конструкција со испакнатини до различни косини, заоблувања, розети и орнаменти. Овде се додава и богат избор на стакла – од сјајно стакло до 3Д-застаклувања. И многу мали детали како рачки за врата, алки за тропање на врата, поштенски сандачиња и многу повеќе. Тука може безбедно да се состави Вашата лична комбинација од соништата.
Тука бојата влегува во игра
Соодветно на архитектурата на куќата, достапен е широк избор од варијанти на бои: од класично бела преку 150 RAL-тонови на бои, до различни дрвени декори. Притоа декорите на полнењето на вратата и рамката се секогаш прецизно координирани еден со друг. Алтернативно, ќе добиете и влезни врати од REHAU Brillant-Design со алуминиумски фасадни ѕидови, кои може да се дизајнираат во сите RAL-тонови.
Кога станува збор за безбедноста, влезните врати од REHAU Brillant-Design покажуваат квалитет на кој можете да се потпрете. Со дополнителни функционални додатоци, како што се повеќекратни брави и безбедносни уреди за шарки, влезната врата може да се прилагоди на вашите индивидуални безбедносни барања (до класа на отпорност 3).
REHAU работи само со искусни специјализирани компании за прозорци. Овде сте во најдобри раце и ќе добиете стручни совети: без разлика дали градите нов дом, исто како и кога реновирате – од дизајн до топлинска изолација и звучна изолација до отпорност на пробивање. Вашите влезни врати се изработуваат, испорачуваат и монтираат според Вашите желби. Дури и по монтажата, специјализираната компанија за прозорци со задоволство ќе продолжи да Ве поддржува.
Повеќе од четири децении REHAU развива и произведува системи на профили за прозорци, фасади и врати. Со иновативно размислување, практична релевантност и традиционално висок стандард за квалитет. Притоа, експертите од REHAU исто така користат и вредни сознанија од областа на градежната технологија и нискоградбата, во кои компанијата, во кои компанијата е успешно активна ширум целиот свет. Овие синергии и блиското партнерство со специјализираните компании за прозорци и нивните бројни вработени обучени во Академијата на REHAU го направија REHAU водечки производител на системи на профили за прозорци, фасади и врати.
Само квалитетот е траен
Вашата влезна врата треба да Ви овозможи радост – без непотребна работа. Поради тоа, влезните врати од REHAU Brillant-Design се изработуваат во првокласен квалитет. Тие ја задржуваат својата вредност, а – благодарение на висококвалитетната површина – се и посебно лесни за одржување.
Влезните врати од REHAU Brillant-Design се изработуваат исклучиво од висококвалитетни материјали и со најголема грижливост. Материјалот RAU-PVC, е исклучително отпорен на временските услови, лесен е за одржување и придонесува за задржување на вредноста, како и трајно зголемување на вредноста на домот.
Благодарение на нивната особено квалитетна, мазна и затворена површина, влезните врати од REHAU Brillant-Design се помалку подложни на нечистотија и може брзо и лесно да се чистат со вода, малку течен детергент за садови и мека крпа.
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 166 mm |
Длабочина на вградување: | 70 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,6 W/(m²K) |
Вредност на звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 3 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 2 |
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 108 mm до 177 mm |
Длабочина на вградување: | 70 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 45 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 3 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Сила за отварање (EN 13115): | Класа 1 |
Технички податоци
Видливост на рам/крило: | 108 mm до 128 mm |
Длабочина на вградување: | 70 mm |
Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 45 dB |
Заштита од пробивање (EN 1627): | до класа RC 2 |
Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
Сила за отварање (EN 13115): | Класа 1 |
Активна одржливост
Како активна компанија ширум светот, REHAU има посебна одговорност кон луѓето и животната средина. На овој начин, ние постојано ја оптимизираме нашата употреба на ресурси, како и енергетска ефикасност во нашите фабрики и производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката за производ EcoPuls веќе денес содржат содржина на рециклат од 40 % до 75 % и се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.
Наша средина, наша одговорност
Како компанија што произведува ширум светот, REHAU има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа се подразбира дека ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики и нашите производи. До 2020 година, REHAU ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во постројките за рециклирање во сопственост на компанијата, како и во надворешни постројки за рециклирање, со цел одржлива заштита на ресурсите.