Преглед на сите прозорци со звучна изолација од REHAU

Кон понудата на прозорци

700-D248 - 72535

Преглед на сите прозорци со звучна изолација од REHAU

Кон понудата на прозорци

Прозорци со звучна изолација – Вашиот дом, место за мир и релаксација

Убав дом значи да се чувствуваме добро насекаде – тоа е местото, во кое можеме да најдеме мир и едноставно да се исклучиме и да се опуштиме. Но, мирен сон по стресен ден на работа или пријатна филмска вечер со семејството, се практично невозможни кога надвор е бучно. На улиците се возат автомобили, соседот го коси тревникот или слуша гласна музика – секојдневно, нас нè опкружува многу врева и нè оптоварува со бучава. Бучавата не само што пречи, туку може дури и влјијае на Вашето здравје на долг рок. 

Статистиките јасно го докажуваат тоа: Нашиот квалитет на живот во голема мера зависи тоа во која мера сме изложени на бучава. Бучавата што ја создава сообраќајот, дури претставува и здравствен ризик што не треба да се потценува. Ако е премногу гласно во нашите сопствени четири ѕида, не можеме ниту да работиме концентрирано ниту да спиеме мирно. Во спалната соба, на пример, не треба да се надминува нивото на бучава од 25 децибели (dB). Според експертите, само тогаш е можен здрав сон. Затоа, оној, којшто планира нова градба или реновирање на едносемејната куќа, треба да ги земе предвид следниве одредници за соодветните простории: 

  • Спална соба: максимално 25 dB 
  • Дневна соба: максимално 35 dB 
  • Работна соба: 35-50 dB 

Без разлика дали станува збор за бучава од железница, бучава од авион или друга сообраќајна бучава: Домот треба да биде колку е можно помирен, а поради тоа и опремен со квалитетни прозорци. Прозорците со звучна изолација ја задржуваат бучавата надвор и на тој начин обезбедуваат тивки и мирни денови и ноќи. Така Вашиот дом станува оаза на мирот.

Прозорци со звучна изолација од REHAU - лична понуда за Вашите прозорци


Висококвалитетните прозорци од REHAU, достапни во различни нивоа на звучна изолација, го обезбедуваат потребниот мир и релаксација во Вашите сопствени четири ѕида со намалување на бучавата до 26 пати. Ново откривање на прозорците – за животот денес и утре.

Добијте детални совети за Вашите прозорци со звучна изолација и добијте ја необврзувачката понуда за прозорци од REHAU денес, лесно и бесплатно.

Преглед на класите на звучна изолација


Прозорци со звучна изолација и безбедносни застаклувања

Со индексот за намалување на звукот, измерен во децибели (dB), се наведува колку вознемирувачка бучава однадвор може да се задржи преку прозорецот. Притоа важи: Колку е поголема dB-вредноста, толку е подобра звучната изолација. Така на пример, прозорец со класа на звучна изолација 5 може да го намали продорниот звук за 45-59 dB. Ова приближно одговара на јачина на звукот на косилка за трева со оддалеченост од неколку метри.

Во Германија, звучно изолираните прозорци се поделени во шест класи на звучна изолација. Меѓутоа, во праксата обично се користат само класите од 2 до 5. Зависно од густината на сообраќајот и оддалеченоста до улицата, треба да се избере точната класа на звучна изолација. Ниво на бучава до 70 dB се постигнува брзо, доколку живеете на прометна главна сообраќајница. Таму не е реткост да има обем на сообраќај од неколку илјади возила на час.

Изборот на вистинскиот прозорец значи одредување на вредноста во dB на загадувањето од бучава во Вашата станбена област, со цел да се избере соодветниот прозорец со соодветна заштита од бучава. Пред да се одлучите за купување прозорец, најдобро е да добиете детален совет од специјализирана компанија за прозорци во Вашата област за тоа која класа на звучна изолација всушност ги задоволува Вашите сопствени потреби и барања.

Класа на звучна изолација (SSK)

Ниво на бучава однадвор

Индекс на намалување на звукот (Rw)

Густина на сообраќајот

Оддалеченост на домот до улицата

1

≤55 dB

25-29 dB

станбена улица
(10-50 автомобили/час)

≥ 35 m

2

56-60 dB

30-34 dB

голема станбена улица
(10-50 автомобили/час)

26-35 m

3

61-65 dB

35-39 dB

прометна улица
(50-200 автомобили/час)

26-35 m

4

66-70 dB

40-44 dB

главна улица
(1.000-3.000 автомобили/час)

100-300 m

5

71-75 dB

45-59 dB

главна улица
(1.000-3.000 автомобили/час)

35-100 m

6

76-80 dB

≥ 50 dB

автопат
(3.000-5.000 автомобили/час)

< 100 m

  • Класа на звучна изолација 1: Индекс на намалување на звукот од 25-29 dB — се препорачува при оддалеченост од ≥ 35 метри од домот до станбената улица (10-50 автомобили/час)
  • Класа на звучна изолација 2: Индекс на намалување на звукот од 30-34 dB — се препорачува при оддалеченост од 26-35 метри од домот до станбената улица (10-50 автомобили/час)
  • Класа на звучна изолација 3: Индекс на намалување на звукот од 35-39 dB — се препорачува при оддалеченост од 26-35 метри од домот до прометната улица (50-200 автомобили/час)
  • Класа на звучна изолација 4: Индекс на намалување на звукот од 40-44 dB — се препорачува при оддалеченост од 100-300 метри од домот до главната улица (1.000-3.000 автомобили/час)
  • Класа на звучна изолација 5: Индекс на намалување на звукот од 45-59 dB — се препорачува при оддалеченост од 35-100 метри од домот до главната улица (1.000-3.000 автомобили/час)
  • Класа на звучна изолација 6: Индекс на намалување на звукот од ≥ 50 dB — се препорачува при оддалеченост од < 100 метри од домот до автопатот (3.000-5.000 автомобили/час)

Конструкција на прозорците со звучна изолација


големи прозорци што се облеани со светлина

Која класа на звучна изолација ќе се постигне првенствено зависи од дебелината и видот на застаклувањето. Кај прозорците со едно застаклување, бучавата однадвор може речиси непречено да навлезе во станбениот простор. Без дополнителни трошоци за специјално застаклување со звучна изолација, новите прозорци можат да имаат подобар заштитен ефект со двојно или тројно застаклување. Сепак, самото застаклување не е доволно за добар прозорец со заштита од бучава.

Како се разликуваат класите на звучно изолираните прозорци? Модерното тројно застаклување е заедничко за сите класи. Значи, прозорците од класа 5 не се опремени со повеќе стакла од прозорците од класа 2. Меѓутоа, јачината на прозорците е поинаква. Додека прозорските стакла од класа 2 обично се дебели четири милиметри, конструкцијата на прозорецот од класа 5 изгледа, како што е опишано подолу: Внатрешното стакло од трите исто така има дебелина од четири милиметри. Прозорското стакло свртено кон станбениот простор, наспроти тоа, со своите десет милиметри е значително подебело. Стаклото свртено кон улицата се состои од композитно стакло (VG) кое е дебело осум милиметри. Благодарение на различните дебелини на стаклата и нивната асиметрична конструкција, следните прозорски стакла не можат толку лесно да вибрираат. Тоа значи дека звучните бранови се прекинуваат и нивото на бучава, која може да навлезе однадвор кон внатре, значително се намалува – а квалитетот на животот се зголемува. Оттаму: Колку е поразлична дебелината на внатрешното и надворешното стакло, толку е подобар ефектот на придушување на звукот на прозорецот.

Но, каква корист имаат висококвалитетните прозорци со звучна изолација ако треба да се отворите за да се проветрува? Тука се користат прозорците со звучна изолација со вентилација. Тие обезбедуваат здрава клима во просторијата и свеж воздух дури и кога прозорецот е затворен – но се поврзани со повисоки трошоци.

Трошоци за прозорци со звучна изолација


700-D411 - 76240

Колку чини еден прозорец со звучна изолација не може да се одговори паушално, но важи следново: Со дополнителна звучна изолација се зголемува цената по прозорец. Кај прозорци со класа на звучна изолација 3, треба да се пресмета просечна доплата од 60 евра по m² површина на прозорецот. За класа 5, доплатата е до 200 евра по m². Она што во голема мера ја одредува цената не е само класата на звучна изолација, туку и материјалот на прозорската рамка. Особено исплатливи се прозорците од вештачки материјали.

Специјализираната компанија за прозорци во Ваша близина со задоволство ќе Ве советува детално и ќе направи необврзувачка понуда за прозорци, прилагодена на Вашите сопствени потреби и барања.

Монтажа на прозорци со звучна изолација


Големи прозорски површини

За успешна звучна изолација, при монтажа на новите прозорци со звучна изолација би било идеално да се обратите на стручен персонал. Нестручната монтажа, особено неправилното запечатување на спојниците на прозорците, може да доведе до намален заштитен ефект на прозорецот за заштита од бучава.

Прозорскиот систем од REHAU, GENEO и SYNEGO, го олеснува заменувањето на прозорците. Замената е лесна - дури и кога е просторот е населен. Специјализирана компанија за прозорци обезбедува стручно одложување на отпадот.

KALEIDO COLOR дизајни за прозорци со звучна изолација

Со програмата за површини и бои KALEIDO COLOR, се потпирате на материјали што подлежат на најстрогите стандарди за квалитет. Прецизните анализи и долгорочните тестови под најголеми оптоварувања осигуруваат дека ќе можете да уживате во Вашите REHAU прозорци долго време. Според индивидуалната желба притоа се применуваат различни методи и површини.

КАЛЕИДО КАВЕР

KALEIDO COLOR

Совршениот изглед на алуминиум​: Алуминиумските капаци го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од пластика.

Повеќе

КАЛЕИДО ПЕИНТ

KALEIDO PAINT

Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Текстурирани бои за специјални ефекти.

Повеќе

КАЛЕИДО ФОИЛ

KALEIDO FOIL

Докажана стандардна постапка со двослојна ПВЦ-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од влијанија од околината.

Повеќе

КАЛЕИДО ВУДЕК

KALEIDO WOODEC

Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување – на овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од пластика од прозорците од дрво.

Повеќе

Соодветни додатоци за прозорци со звучна изолација

Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно

Едноставно. Лично. REHAU. Добијте ја овде, во само 6 чекори, индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection