Паметно стакло: паметна заштита од сонце и визуелна заштита

REHAU Smart Privacy прозорци со визуелна заштита

Паметно стакло: паметна заштита од сонце и визуелна заштита

REHAU Smart Privacy

AL-D1933_02_CL - 1102554

Паметно стакло: паметна заштита од сонце и визуелна заштита

REHAU Smart Privacy

Паметно стакло: подобра заштита од сонце и визуелна заштита за Вашиот паметен дом

Големите прозорци или дури и комплетните стаклени фасади претставуваат јасен тренд во модерната архитектура. Повеќето луѓе го чувствуваат овој отворен дизајн како многу пријатен. Дополнително, ова води до голем продор на светлината, а со тоа и до светли простории преплавени со светлина – во комбинација со помала потрошувачка на електрична енергија, бидејќи често може да не се користат вештачки извори на светлина. Дополнително, модерните големи прозорци (како прозорците SYNEGO и прозорците GENEO од REHAU) може да ги намалат трошоците за греење, бидејќи во зима може да навлезе повеќе соларна светлина во просторите. Новите прозорци апсолутно ја намалуваат годишната потрошувачка на енергија, но големите прозорски површини сепак предизвикуваат и одредени проблеми.

Како прво, со нив е отежнато одржувањето на приватноста. Како второ, сончевите зраци во летните месеци често се преголеми. Ова доведува до непријатно високи температури или голема потрошувачка на електрична енергија поради работата на системот за климатизација. Паметното стакло – честопати се означува и како интелигентно стакло или „Smartglass“ (на герм. Smart-Glas) – сепак може да ги реши овие проблеми така што ова модерно затемнувачко застаклување да ја промени својата проѕирност преку електричен напон (електрохромизам), греење (термохромизам) или сончево зрачење (фотохромизам). Со Smart privacy од REHAU Вашите прозорци се ориентираат според Вашите желби.

Заштита од сонце и визуелна заштита кај новите прозорци со интелигентно стакло


716-D018_CL - 1078595

Како за заштитата од сонце, така и за визуелната заштита, неопходно е да се намали преносот на светлината на прозорците. Класичното решение за ова е употребата на завеси, ролетни или плисирани ролетни. Притоа се користат непроѕирни материјали, кои истовремено ги спречуваат несаканите погледи и спречуваат продирање на сончевите зраци.

Наместо таквите надворешни уреди да се прикачуваат пред стаклото, можно е и директно да се интегрираат во окното. Ова обезбедува модерен и уреден впечаток. Меѓутоа, сега се појавува проблем, биејќи во повеќето случаи жителите сакаат пренос на светлина – а со тоа и отворениот впечаток и светлите простории. Само во некои ситуации тие сакаат да се заштитат од туѓите погледи или од сонцето. Од таа причина е важно да се користи паметно стакло. Тоа во нормален случај е целосно проѕирно и обезбедува отворен и светол ефект. Секако, по потреба е можно стаклата да се затемнат или да се дизајнираат непроѕирно. Зависно од изведбата, ова прилагодување се врши автоматски или со притискање на копче (како кај Smart privacy од REHAU, модерните прозорци со визуелна заштита за повеќе приватност и удобност во живеењето – исто така достапно и за влезни вратибалконски врати или врати од тераси).

Приватност со притискање за копче.

Паметно стакло во многу различни изведби


700-D390_01 - 1078601

За поставување на модерно застаклување со интелигентни стакла може да се користат различни техники за поставување. Тие се разликуваат, не само во начинот на кој корисниците можат да ги контролираат, туку и  визуелните ефекти се сосема различни. Затоа е важно да се информирате прецизно за различните можности и потоа да изберете соодветен систем за паметен дом.

Електрохромно стакло

Омилена варијанта, при користење на интелигентните прозорци, познатии како паметни прозорци, е електрохромното стакло. Притоа се користат материјали, кои го менуваат преносот на светлина, кога се применува напон. По правило, се користи тенка фолија, која се наоѓа помеѓу две стакла. Електрохромизмот бара само електрична енергија, додека се менува преносот на светлината. За да се задржи поставениот статус не е потребна енергија. Тоа резултира со многу мала потрошувачка. Оваа техника ги затемнува прозорците и ги блокира сончевите зраци. Затоа е извонредна за употреба како стакло за заштита од сонце, бидејќи стаклата не остануваат трајно затемнети како обичните очила за заштита од сонце. Сепак, прозорците притоа остануваат проѕирни, така што не нудат заштита од туѓи погледи. Стаклата може да се контролираат со прекинувач или, доколку се користи соодветен приемник, со апликација за паметен телефон.

Термохромно стакло

Друга варијанта е употребата на термохромно стакло.Тука нема потреба од извор на електрична енергија. Прозорското стакло самостојно се прилагодува на околината. Материјалите, кои се користат тука, реагираат на топлина. Доколку се ладни, целосно се проѕирни. Ако се затоплат, доаѓа до затемнување на стаклата.Бидејќи прозорското стакло се загрева при силно продирање на сонце, тоа автоматски се прилагодува на барањата. Предноста на термохромизмот е тоа што е особено погоден за употреба. Станарите не мора да се грижат за ова. Сепак, ова ја намалува флексибилноста. Корисниците не може да влијаат врз затемнувањето на прозорците. Оваа техника во нормален случај резултира со синкава  нијанса.

Фотохромно стакло

Фотохромното стакло покажува слични особини како и термохромното стакло. Сепак, тоа не реагира на температура, туку на UV-зрачење. Затоа, секогаш обезбедува затемнување при силна сончева светлина – дури и кога температурите се многу ниски. Ова честопати не се посакува, бидејќи станарите, сакаат да имаат корист од силната сончева светлина, особено во зима. Дополнително, фотохромизмот е прилично комплицирана техника, така што овие стакла се прилично скапи. Затоа, најчесто се користат за помали примени – на пример за очила за сонце, кои се регулираат самостојно. Бојата на затемнетите стакла тука во нормален случај е кафена или сивкава.

LC-стакло

За производството на LC-стакло („Liquid Crystal“, одн. течен кристал), се користи истата техника, како и за повеќето телевизори со рамен екран: Фолијата со течен кристал го намалува преносот на светлината, кога на неа се применува напон, кој може да се контролира со прекинувач. Оваа технологија обезбедува заматено стакло со едноставен изглед на матирано стакло – а со тоа и добра заштита од туѓите погледи. Со Smart privacy од REHAU, прозорските стакла во секое време може да се трансформират помеѓу проѕирни и непроѕирни. Така ќе може да уживате во погледот нанадвор кога и да посакате. Нема поглед внатре, а многу поглед надвор.

Паметно стакло со разновидни можности за примена


980-D788 - 1079442

Стаклото, кое може да да биде контролирано, има разновидни можности на примена. На пример, често се користи во дневната соба. Со тоа се овозможува дизајнирање на овој простор со многу пространи предни прозорци. Во зима, ова обезбедува голем продор на светлина – речиси како во стакленик. Со ова се овозможува да поставите оаза на благосостојба и да уживате во зимата. Освен тоа, просторот се загрева благодарение на сончевите зраци. Ова ги намалува трошоците за греење и помага во заштедата на енергија. Во лето, големиот продор на светлината сепак доведува до силно затоплување на просторите. Доколку станарите користат систем за климатизација, тоа резултира со зголемени трошоци за електрична енергија, бидејќи системот треба да даде многу поголем учинок. Поради тоа, навистина е разумно да се инсталира интелигентен стаклен систем за прозорците во дневната соба. Ова го намалува продорот на светлина и на тој начин придонесува за пријатна клима за живеење.

Исто така и во бањата и спалната соба, паметните прозорци, наречени и „Smart Windows“ се многу омилени, особено прозорците во висина од подот до таванот. Секако, заштитата на приватноста тука најчесто има приоритет. Поради тоа се нудат изведби со изглед на матирано стакло (Smart privacy од REHAU). На овој начин, станарите уживаат добра заштита од погледи. Меѓутоа, во ситуации кога тоа не е потребно, ефектот може лесно да се деактивира. Прозорецот од бањата или прозорецот од спалната соба, исто така нудат добар поглед нанадвор.

Какви алтернативи постојат за паметни стакла?


700-D324_01_CL - 1102551

Паметното стакло претставува релативно скапо решение. Поради тоа, важно е да се разгледаат и алтернативите на оваа техника. Една опција е да користите класичен уред за заштита од сонце, како што се ролетни, роло или завеса. Интересна опција претставува и променливата фолија за заштита од погледи. Таа нуди слична удобност во користењето како и паметното прозорско стакло со функција за заштита од погледи, но е значително поисплатлива.

Какви други видови функционални стакла постојат?


980-D509_01 - 105954

Постојат и други видови функционални стакла, кои резултираат со извонредна удобност на живеењето и високо ниво на безбедност во Вашиот дом. На пример, можно е да се користи безбедносно стакло, кое ќе ги задржи натрапниците. За таа цел се нуди и алармно стакло, кое испраќа алармен сигнал во случај на обид за пробив. Исто така и употребата на стакло со топлинска изолација, стакло со звучна изолација или стакло за лесна нега, односно стакло, кое самото се чисти, нуди бројни предности и придонесува за удобно користење на просториите.

REHAU прозорци: Лична понуда за Вашите прозорци


Модерна едноставност

Висококвалитетните прозорци на REHAU, прилагодени на Вашите индивидуални желби и потреби, се грижат за поголема благосостојба во Вашите четири ѕида.

Со прозорските системи од REHAU, GENEO и SYNEGO, монтажата на прозорците е полесна од кога било. Ново откривање на прозорците – за животот денес и утре.

Со задоволство ќе Ве советуваме за можностите и ќе Ви креираме необврзувачка понуда за прозорци.

Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно

Едноставно. Лично. REHAU. Добијте ја овде, во само 6 чекори, индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!

Engineering progress

Enhancing lives

За понудата

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection