Прозорците од REHAU не им даваат никаква шанса на натрапниците!

Кон понудата на прозорци

Прозорци со заштита од насилно отварање – Чувствувајте се безбедни во своите сопствени четири ѕида

Според полициската статистика за криминал, кражбите во Германија се случуваат на секои 5 минути, со 260 пријавени пробивања дневно во 2020 година. Според тоа, нивото на пробивања е многу високо. Освен вратите, прозорците претставуваат најголеми слаби точки во домот. За да можете мирно да спиете во текот на ноќта и безгрижно да си го започнете годишниот одмор со семејството, постојат специјално развиени прозорци со заштита од насилно отварање.

Во вашите четири ѕида треба да се чувствувате безбедно. Поради тоа, нашите прозорци нудат оптимална заштита од насилно отварање и може да се изберат во различни класи на заштита. Така во секое време ја имате потребната безбедност. Едноставно, користете го решението сè-во-едно и релаксирајте се!

Класата на отпорност може да се утврди според Вашите лични безбедносни потреби. Притоа, не е секогаш неопходна највисоката класа на отпорност.

Што се прозорци со заштита од насилно отварање?


Семејство на системот на прозорци ГЕНЕО

Оној кој планира идеалне дом, или сака да ги преуреди своите сопствени четири ѕида, треба да монтира прозорци и балконски врати чијашто отпорност на насилно отварање е сертифициран според DIN EN 1627. Причина: Само со таков прозорец може да бидете сигурни дека моделот со целосната конструкција е тестиран на отпорност на насилно отварање и се смета за безбеден. Во овој случај, покрај застаклувањето се проверуваат и прозорската рамка, како и прозорскиот оков.

Начин на функционирање на стакло кое е безбедно на насилно отварање


700-D411 - 76240

За прозорци, кои се отпорни на насилно отварање, неопходно е застаклување со заштита од насилно отварање. Додека вообичаеното Float-стакло ни најмалку не ги задржува натрапниците во остварувањето на нивната цел, специјалното стакло безбедно стакло нуди поголема безбедност. Меѓутоа, зависно од варијантата, и овде постојат разлики. Така, се прави разлика помеѓу зацврстено безбедносно стакло (ESG), композитно безбедносно стакло (VSG) и стакло отпорно на удари.

Искуството покажува дека ESG само во мала мера дава придонес кон безбедноста од насилно отварање. Иако отпорноста на удари кај овој тип на стакло е многу поголема споредена со онаа кај нормалното стакло, овој тип на стакло може да се скрши и со механички удар. Бидејќи стаклото се распаѓа на мали парчиња кога ќе се скрши, обидот за насилно отварање не е значително отежнат.

Наспроти ова, VSG и безбедносното стакло отпорно на удари се состојат од две (или повеќе) стакла, поврзани со PVB-фолија отпорна на кинење. Вистина, таквите стакла може да се скршат и со силно механичко дејство. Но, притоа парчињата стакло се лепат за фолијата и им ја отежнуваат работата на натрапниците.

Согласно европскиот стандард DIN EN 356, безбедносното стакло се дели на различни класи на отпорност врз основа на силата потребна за негово кршење. Притоа постојат различни методи за мерење на силата: Додека VSG треба да го издржи ударот на челична топка што паѓа од височина од девет метри, стаклото отпорно на удар треба да издржи одреден број на удари со секира.

Безбедност од насилно отварање: Предности на безбедносните окови


700-D079_01 - 68327

Додека алармните системи и алармите за прозорци припаѓаат на средствата, кои очигледно се погодни за заштита од кражби, постојат и други мерки за безбедност на прозорците. Оковите за прозорци, на пример, исто така може да бидат одлучувачки за заштита од натрапници. Стабилните, висококвалитетни окови исто така издржуваат и насилни обиди за отворање на прозорецот.

Специјалните безбедносни окови се грижат за тесната меѓусебна врска на крилата и рамките на прозорецот. Оковите делуваат како брава, која ги поврзува прозорското крило со прозорската рамка на значително повеќе точки од вообичаените окови. На пример, таканаречените иглички со печурковидна глава зафаќаат точно во безбедносните ударни плочи предвидени за оваа намена. Резултат: Прозорците опремени со безбедносни окови веќе нема да може да се отвораат однадвор.

Различните класи на отпорност и нивното значење за сопствениците на домовите


700-D083 - 61889

Постојат седум класи на отпорност, кои дефинираат колку долго прозорецот може да издржи некои алатки, односно некој тип на насилно отварање. Овие класи на отпорност ја имаат кратенката RC, што се однесува на англискиот збор „Resistance Class“. Оваа ознака е во употреба од 2011 година и ја замени старата поделба во класата на отпорност (WK).

Класа на отпорност според DIN EN 1627

Стакло според DIN EN 356

Заштитен ефект

Време на отпорност

RC 1 N

Float-стакло

Мала основна заштита од обиди за насилно отварање со едноставни алатки со лост, како и удирање и скокање, туркање нагоре и кинење.

Се препорачува само за места, кои не се достапни на приземје.


RC 2 N

Float-стакло

Основна заштита од насилно отварање со едноставни алатки (на пр. шрафцигер, клешта, клин).

Не е безбедносно стакло.


RC 2 (поранешна WK 2)

P4A

Спречува обиди за насилно отварање со едноставни алатки (на пр. шрафцигер, клешта, клин).

15 min

RC 3 (поранешна WK 3)

P5A

Ги отежнува обидите за насилно отварање со хебла и втор шрафцигер.

20 min

RC 4 (поранешна WK 4)

P6B

Отпорност на алатки за пилење и ударни алатки (на пр. секира, хебла, чекан и длето, безжична дупчалка).

30 min

RC 5 (поранешна WK 5)

P7B

Отпорност на електрични алати (на пр. дупчалки, аголни брусилки, убодни пили или сабјести пили).

40 min

RC 6 (поранешна WK 6)

P8B

Отпорност на електрични алати (на пр. дупчалки, аголни брусилки, убодни пили или сабјести пили).

50 min

Постојат седум класи на отпорност што дефинираат колку долго прозорецот може да издржи некои алатки, односно некој тип на провала. Овие класи на отпорност ја имаат кратенката RC, што се однесува на англискиот збор „Resistance Class“. Оваа ознака е во употреба од 2011 година и ја замени старата поделба во класата на отпорност (WK).

  • RC 1 N: Мала основна заштита од обиди за провала со едноставни алатки со лост, како и удирање и скокање, туркање нагоре и кинење. Се препорачува само за места што не се достапни на приземје
  • RC 2 N: Основна заштита од обиди за провала со едноставни алатки (на пр. шрафцигер, клешта, клин). Не е безбедносно стакло
  • RC 2 (поранешна WK 2): Спречува обиди за провала со едноставни алатки (на пр. шрафцигер, клешта, клин) – 15 min
  • RC 3 (поранешна WK 3): Ги отежнува обидите за провала со хебла и втор шрафцигер – 20 min
  • RC 4 (поранешна WK 4): Отпорност на алатки за пилење и ударни алатки (на пр. секира, хебла, чекан и длето, безжична дупчалка) – 30 min
  • RC 5 (поранешна WK 5): Отпорност на електрични алати (на пр. дупчалки, аголни брусилки, убодни пили или сабјести пили) – 40 min
  • RC 6 (поранешна WK 6): Отпорност на електрични алати (на пр. дупчалки, аголни брусилки, убодни пили или сабјести пили) – 50 min

Препорака за приватниот сектор: од прозорци со RC 2 до RC 3


Прозорски дизајни

За приватни корисници, кои сакаат да ја заштитат својата едносемејна куќа од натрапници, полицијата препорачува употреба на прозорци со RC 2. Овие не само што имаат застаклување P4A отпорно на насилно отварање, туку и окови за иглички со печурковидна глава и прозорска рачка, која се заклучува.

Сакате уште подобро да го заштитите она што го поседувате? Член на Вашето семејство има особено голема потреба од безбедност? Во овој случај, Ви советуваме да користите прозорци со класа на отпорност RC 3. Во споредба со прозорецот RC 2, оваа класа има застаклување со уште поголема отпорност (P5A).

Алтернатива: Во случај кога не очекувате директен напад на стаклата на Вашите прозорци, можете да имате предвид користење на прозорци RC 2 N. Во овој случај, не се користи застаклување отпорно на провали. Ова размислување е целосно оправдано со оглед на фактот дека само мал број провалници го напаѓаат прозорското стакло. Класата на отпорност RC 2 N нуди прозорци со стандардно стакло, окови за иглички со печурковидна глава и прозорска рачка што се заклучува.

За прозорци и балконски врати на горните катови од домот се препорачува употребата на прозорци со RC 1 N. Овие нудат ограничена основна заштита од обидите за насилно отварање, на пр. со едноставни алатки со лост. Сепак, тие треба да се користат само на места на кои натрапниците немаат пристап од нивото на земјата. Внимание: За прозорците на приземје до кои може да се дојде без алат, оваа класа на отпорност не е доволна.

За кого се исплатливи прозорците со заштита од насилно отварање?


Одржливи прозорци

Секако: Луѓето кои живеат на втор или трет кат од повеќесемејна куќа, не треба премногу да се грижат во врска со темата за заштита од насилно отварање. Меѓутоа, оној што живее на приземје, дефинитивно треба да ги обезбеди прозорците на приземје, подрумските прозорци и надворешната врата од насилно отварање. Бидејќи: Во 80 отсто од пробивањата во Германија, криминалците влегуваат во домот со отворање на прозорците.

Сопствениците на домовите може да се спротивстават на оваа опасност со инсталирање на прозорци отпорни на насилно отварање. Инвестицијата се исплати кога доаѓа до најлошото: Натрапниците не можат така лесно да влезат во домот, а самите Вие уживате во чувството на постојано висока безбедност.

Понатаму: Прозорците на кипање за натрапниците претставуваат отворени прозорци. Од оваа причина, купувањето самовентилирачки прозорци со заштита од насилно отварање, кои обезбедуваат свеж воздух кога прозорецот е затворен, благодарение на добро осмислениот систем за вентилација, може да биде исплатливо за во спалната соба или за во бањата на пример. Со ова ќе се заштитите себеси и своето семејство од натрапници и ќе може повторно ноќе да спиете безгрижно.

Трошоци за прозорците со заштита од насилно отварање


Безбедност за Вашиот дом

Размислувате околу трошоците? Бидете без грижи: Прозорците со заштита од насилно отварање не мора да бидат скапи. Колку ќе изнесува цената по m2 не може да се одговори паушално. Сепак, трошоците генерално се зголемуваат со дополнителната заштита. Кај стакло со класа на отпорност RC 2, може да очекувате доплата по m² површина на прозорецот. Кај класата RC 3, цената по m² е по правило соодветно повисока. Цената не зависи само од класата на отпорност, туку и од материјалот на прозорската рамка. Прозорците од вештачки материјали се особено исплатливи во споредба со другите материјали.

Прозорци со заштита од насилно отварање од REHAU - инвивидуална понуда за Вашите прозорци


700-D285 - 72634

Висококвалитетните прозорци на REHAU, достапни во различни класи на отпорност (до RC 3), се грижат за потребната безбедност и сигурност во Вашите четири ѕида.

Со прозорските системи од REHAU, GENEO и SYNEGO, монтажата на прозорците е полесна од кога било.
Заменувањето на прозорците со нови прозорци од REHAU се врши лесно и без проблеми. Специјализираната компанија за прозорци потоа професионално ги одложува прозорците – за поголема одржливост и заштитен пристап кон животната средина. Ново откривање на старите прозорци – за животот денес и утре.

Со задоволство ќе Ве советуваме за можностите и ќе креираме необврзувачка понуда за прозорци со заштита од насилно отварање од REHAU бесплатно, целосно усогласена со Вашите потреби.

REHAU Smart Guard – така денес се спречуваат натрапниците


Заштита од провала за балконски врати и врати од тераси

REHAU Smart Guard – така денес се спречуваат натрапниците

Незабележително инсталиран во рамките на Вашите прозорски системи SYNEGO или GENEO, опционалниот Smart Guard активно се грижи за превентивната безбедност. Интелигентниот сензор ги регистрира натрапниците и самостојно ја активира одбранбената програма. Активното одвраќање спречува оштетување на прозорците и вратите.

На тој начин Smart Guard оди многу подалеку од вообичаените алармни системи. Бидејќи тие реагираат дури откако натрапникот е во куќата – прозорецот или вратата тогаш се веќе оштетени.

Дознајте повеќе

Смарт Гард систем конект

Прозорските системи на REHAU - преглед

Прозорците од REHAU можат и повеќе.

Тие не само што се залагаат за извонредна заштита од насилно отварање, туку и за

  • Заштеда на енергија
  • Звучна изолација
  • Голем избор на дизајни и
  • Лесно одржување и чистење.

Какви барања имате од Вашите прозорци? Во нашата голема палета на производи ќе го најдете вистинскиот систем за Вашиот дом:

Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно

Едноставно. Лично. REHAU. Добијте ја овде, во само 6 чекори, индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection